14.4 C
Ohrid
Tuesday, September 27, 2022

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Тасевски во посета на полицијата на Република Албанија

НАЈЧИТАНО

Денеска (09.08.2022), делегација од Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија предводена од директорот м-р Сашо Тасевски, во придружба на заменик директорот на БЈБ, Ариф Асани, помошник директорот Оливер Лукароски и началникот на Секторот за меѓународна полициска соработка Рефик Черими, оствари работна посета на полицијата на Република Албанија, каде имаше средба со генералниот директор мајор Гладис Нано. На официјалната средба меѓу двете делегации, се разговараше за продлабочување на соработката меѓу двете земји, во борбата против организираниот криминал, корупцијата, перењето пари и тероризмот и борбата против трговијата со дрога.

Генералниот директор Нано посочи дека меѓусебната соработка на двете министерства е одлична , како за оперативни прашања, така и за други елементи на заедничката борба против криминалот, така што оваа средба само дополнително ќе ја продлабочи и зајакне. Меѓу другото, како области за натамошна соработка беа посочени борбата против тероризмот и перењето пари, како еден важен показател за безбедноста на државите, а воедно генералниот директор Нано посочи дека борбата со трговијата со дрога била и останува главен приоритет за полицијата на Република Албанија. За таа цел, ги концентрираат и дополнително ги зајакнуваат логистички капацитети и човечки ресурси во пристаништето Драч, каде има најмногу обиди за трговија со наркотици, кои доаѓаат од Латинска Америка. Друг приоритет за полицијата на Албанија, според Нано, е спречување и сузбивање на обидите за одгледување канабис, криминална активност што ги збогатува криминалните групи и поединци, давајќи им моќен коруптивен инструмент.

Директорот м-р Сашо Тасевски изрази благодарност до неговиот домаќин за топлиот пријателски пречек при денешна посета на полицијата на Република Албанија и рече дека оваа посета јасно ги покажува одличните односи меѓу двете полиции. Оваа клима на соработка е клучен елемент за гарантирање на јавниот ред и безбедност во двете наши земји и исто така не мотивира да работиме заедно, уште повеќе, на прашања како што се борбата против организираниот криминал и прекуграничниот криминал, кои се заеднички приоритети. На крајот од средбата двете страни искажаа уверување дека и во иднина соработка меѓу двете министерства ќе се интензивира во насока на заеднички оперативни и истражни дејствија, во делот на меѓународни прашања и борбата против тероризмот, борбата против организираниот криминал и перењето пари.

Делегацијата од Бирото за јавна безбедност ги посети и Специјалното одделение РЕНЕА при што во нејзина чест беа презентирани современите методи и техники на работење и нивното специјално оружје.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО