16 C
Ohrid
Tuesday, May 24, 2022

Димовски бара солидарно зголемување на платите од 2.806 денари

НАЈЧИТАНО

Сојузот на синдикати денеска ги повика сите работници, синдикати и невладини организации да се приклучат на протестот што ќе се одржи на 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, а на кој ќе се побара линеарно зголемување на платите за 2.806 денари.

Претседателот на ССМ, Дарко Димовски денеска на прес-конференција рече дека анализите на синдикатот покажуваат дека минатиот месец инфлацијата е зголемена за 8,8 отсто и дека доколку поскоро не се зголемат платите, инфлацијата ќе го „изеде“ ова зголемување.

– Затоа е нашето барање за зголемување на платите од 2.806 денари што побрзо, бидејќи гледаме дека инфлацијата секој месец е се поголема и доколку овие пари не ги добиеме ден побрзо можеби нивната вредност следниот месец ќе биде помала – рече Димовски.

Тој додаде дека како синдикат не лиферуваат со проценти, бидејќи процентот за едниот работник значи помалку, а за друг работник повеќе.

– ССМ овој 1 Мај нема да слави, туку ќе протестира. За да славиме потребни ни се пари, а парите ни ги изеде инфлацијата. Затоа, сите работници, пензионери, младината да излезе заедно и да им кажеме на работодавачите без разлика дали се од приватниот или од јавниот сектор дека ни е потребно што побрзо зголемувањето на платите. Ние не лиферуваме со проценти бидејќи процентот значи за едниот работник помалку, а за друг работник повеќе. Нашата интенција како ССМ е да им помогнеме на најниските слоеви на работници со најниски плати – рече Димовски.

ССМ, истакна Димовски, не се откажува ниту од тоа да го врати регресот за годишен одмор во јавниот сектор.

Во однос на случувањата со штрајкот во обрзованието и незадоволството кај дел од членството, Димовски рече дека ги поддржуваат просветните работници и ги повика доколку сакаат да се обратат со ССМ за да се види по кој основ штрајкот е ставен во мирување.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО