16.1 C
Ohrid
Saturday, August 13, 2022

Димитровски вели дека ова е влада со анационални чувства

НАЈЧИТАНО

Сегашната влада е без национални чувства и ќе има потешкотии да го прослави 2 Август, вели новинарот Предраг Димитровски во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ со Љупчо Цветановски. Тој зборуваше дека главен предизвик зимата ќе бидат економските прашања.

– Прво лично очекувам да видам како ќе се слави 2 Август иако според бугарската верзија денеска е Илинден, тие друг календар користат, да видам до каде може да оди срамот на една власт која нема допир со реалноста и е со анационални чувства. Потоа очекувам главните проблеми да следуваат на економски план, посебно со настапувањето на грејната сезона и мислам дека до тогаш народот ќе се олади од политичките збидувања и ќе се соочи со сурова реалност на дивеењето на инфлацијата на сите видови кризи и како капак на се, ковидот одново не напаѓа од сите страни, така да мислам ништо оптимистички не треба да очекуваме. Дупките што секој џеб ќе ги направи од цените на енергенсите, не можат да се закрпат најмалку 4-5 месеци по истекот на грејната сезона – додаде Димитровски.

Новинарот рече и дека скандалот со македонската унилатерална изјава која владата ја достави до ЕУ е пример за тоа како Министерството за култура се приватизира како институција од страна на поединци кои се партиски измеќари. Според него „ќе биде многу интересно да се види записникот од седницата на која било разговарано за содржината на текстот на изјавата и кој учествувал на таа седница од членовите на Советот и какви ставови застапувал“.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО