ДИГИТАЛНА МАПА ЗА ПОЈАСИТЕ НА ТРСКА ДОЛЖ ОХРИДСКОТО КРАЈБРЕЖЈЕ

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Во текот на месец декември 2022 годинава, Здружението  за  заштита  и  одржлив  развој  на животната  средина‐ Регионален  зелен  центар  Охрид, ја спроведуваше активноста Изработка на дигитална мапа во рамки на проектот „Мапирање и управување со трската во Охридското Езеро“. Проектот се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Се работи за дигитална интерактивна мапа на која се одбележани појасите на трска на крајбрежјето на Охридското Езеро на потегот од с. Подмоље до  манастирскиот комплекс Св. Наум Охридски (на територија на Општина Охрид). Со клик на секој од појасите се појавува легенда за истиот која содржи информации добиени од теренските истражувања кои се спроведоа во летниот период (должина и ширина на појасот, вкупна површина и споредба на површината во однос на претходни постари мерења, слики и кратки информативно- едукативни видеа)..

До мапата може да се  пристапи преку следниот линк:  https://rzc-ohrid.com/?page_id=1064

Целта на оваа активност е промоција на природното наследство и подигнување на јавната свест за значењето и потребата од правилно управување со трската во Охридското Езеро. Од аспект на едукативен карактер, мапата ќе служи како помагало во образовниот процес во основните училишта, со цел учениците да развијат поголема свест за животната средина и конкретно за трската, а од аспект на информативен карактер, ќе служат да ја доловат на јавноста вклучувајќи ги и туристите, реалната состојбата во која што се наоѓа трската како и потребата од превземање соодветни мерки. Во иднина преку овој проект, предвидени се три состаноци при формирањето на управувачко тело- Форум, од кои еден е планиран во јануари, а другите два во првата половина од февруари. Целта на планираните состаноци е формирање на управувачко тело- Форум кој ќе дејствува константо за подобро управување со трската и преземање методи за заштита на истата, дискусија за веќе оформените ставки во однос на подготовка на извештајот за моменталната состојба на трската и предлог-иницијативата за измена на законот за степенот на заштита на трската.

 

 

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Османи повикува да се вратиме на позитивниот дијалог

„Време е да ставиме црта на пинг-понг дискусијата со Бугарија“, одговори денеска Бујар Османи на новинарско прашање дали македонското МНР ќе испрати протестна нота...

Јован Тозиевски ,Градоначалник на Општина Ресен-Искрено жалење од мое лично име и од името на граѓаните на Општина Ресен за катастрофалниот земјотрес кој и...

Изразувам искрено жалење од мое лично име и од името на граѓаните на Општина Ресен за катастрофалниот земјотрес кој и се случи на нашата...

Северна Македонија испраќа итна помош во Турција по катастрофалниот земјотрес

Владата на Република Северна Македонија попладнево одржа вонредна седница, со цел обезбедување итна помош за Република Турција, по катастрофалниот земјотрес што ја погоди земјата...

Moda

Екстравагантни изгледи на познатите од црвениот тепих на Греми наградите

Црвениот тепих на синоќешното 65. Греми награди секако не разочара. Најголемите музички имиња секогаш присуствуваат на најзвучната музичка вечер, а ни овогодинешната награда не...

Неочекуван тренд на хеланки оваа зима кои можете да ги носите во секое време и секаде

Да, хеланките со винил и кожен ефект се враќаат! На полето на хеланки, минатата година видовме (речиси) сè: особено хеланките со селотејп кај нозете повторно...

Тоа е најтренди боја на фармерки што ќе ја носиме во летото 2023 година

Сивите фармерки се дефинитивно крој во кој вреди да се инвестира ова лето. Широки сиви фармерки - тренд кој им ласка на сите типови на...
spot_img
spot_img
spot_img