3.3 C
Ohrid
Saturday, February 4, 2023

Диви свињи сеат страв во скопската населба Црниче

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Жители на скопската населба Црниче со денови живеат во страв за себе и за своите миленици, бидејќи диви свињи се симнуваат од шумата и се доближуваат до нивните дворови. За загриженоста да биде уште поголема, досега се регистрирани и неколку случаи на нападнати и повредени миленици, а некои од нив, како што сведочат овие граѓани, завршиле и фатално, пишува Фактор.мк.

Како што објаснува еден скопјанец од населбата Црниче, кој побарал да остане анонимен, досега тие се обратиле кај неколку надлежни институции, но сите се прогласување за ненедалежни.

Овие граѓани се прашуваат дали можеби треба некој треба некој наш сограѓанин да настрада, па институциите потоа задоцнето да се зафатат со решавање на проблемот.

– Живеам во населбата Црниче, под игралиштетето на Славија, повеќе од 30 години, но ова што во последните две години го гледам, досега го немам видено. Имено, повеќе пати се случувало да наидеме или да забележиме крда диви свињи во ниските делови од шумата, кои се движат во непосредна близина на игралиштето на Славија и куќите. Токму таму постојано се присутни голем број граѓани, но и деца кои играат на самото игралиште, или, пак, се движат нагоре по патеките поради рекреација – изјави граѓанинот на Скопје.

Кулминацијата била достигната кога токму на тоа место минатата ноќ неговиот миленик бил нападнат од дива свиња.

– Таа во еден момент разбеснето се затрча од пошумениот дел и му се нафрли, нанесувајќи му убоди и повреди на ногата. Можев да бидам нападнат и јас или било кој друг кој би се нашол таму во тој момент – вели овој скопјанец.

Тој додава дека напади од диви свињи се имаат случено и на милениците на неколку негови соседи.

– Се прашувам, дали треба да настрада човек, или да настане некој поголем проблем за да се преземат мерки за решавање на оваа ситуција – вели загрижениот граѓанин.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

ОДРЖАНА МАНИФЕСТАЦИЈАТА „НАЈДОБРИТЕ ОД СПОРТОТ ВО ОПШТИНА ОХРИД ЗА 2022 ГОДИНА“

На свечена церемнонија денес беа доделени наградите за „Најдобрите од спортот во општина Охрид за 2022 година“. – По втор пат за една година под...

Пејачката Бритни Спирс ја обвини актерката Алиса Милано за „злоставување“

Пејачката Бритни Спирс (41) ја обвини актерката Алиса Милано (50) за „злоставување“ откако актерката објавила твит кој ја навредил. Ѕвездата на серијата „Charmed“ изразила загриженост...

Граѓани со знамиња, со транспаренти и со столици, со план да останат до утре, вечерва се обидоа да бидат ноќна стража крај гробот на...

Граѓани со знамиња, со транспаренти и со столици, со план да останат до утре, вечерва се обидоа да бидат ноќна стража крај гробот на...
spot_img
spot_img
spot_img