2.9 C
Ohrid
Monday, January 30, 2023

Дејвид Гир-Во вас вложивме милиони,вие не испорачавте реформи!!!

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Владата изјави амбициозно дека ќе се приклучи на Европската Унија во 2030 година. Успехот или неуспехот на оваа амбициозна одлука ќе зависи од вашите залагања. Пристапот кон ЕУ треба да биде национален проект, целиот политички спектар треба да се заложи за националните интереси и за спроведување на реформите поврзани со ЕУ, а реформите во правосудството се неопходни и тоа ургентно.

Ова го истакна амбасадорот на ЕУ во земјава Дејвид Гир во обраќање на Петтата пленарна сесија на Националната конвенција за Европската Унија во Северна Македонија (НКЕУ-МК).

– Ова не значи дека опозицијата треба да престане да работи, нејзината улога за преиспитување на прашањата на политиките е од витално значење, но мора да постои сигурност дека земјата ќе продолжи на својот пат кон пристапување кон ЕУ со ист чекор на спроведување на реформите без оглед на тоа која влада е на власт – рече Гир.

Тој потенцира дека по предолго чекање, земјата на 19 јули конечно ги отвори пристапните преговори и започна со билатералниот скрининг во однос на примената на европските пракси утврдувајќи ги јазовите во законодавството, кој треба да утврди што уште треба да се стори, кој треба да го стори, дали имаме капацитети и кој ќе ја спроведе и примени оваа законска рамка. Добрите вести се дека скринингот се одвива добро, но и дека пристапниот процес е национален проект.

Пристапот кон ЕУ, нагласи тој, треба да е национален проект кој Владата треба да го предводи, а во кој процес треба да бидат вклучени сите грѓани, деловната заедница, граѓанското општество, како и мобилизирањето на сите ресурси на државата. Овој процес на трансформација на земјата значи примена на реформите на терен без кои не може да се соберат бенефициите од членството, а без заложби за реформите, процесот на пристапување не може да напредува, порача Гир.

Тој ја нагласи и улогата на НСЕИ во процесот на реформи, кој рече, треба да се подготви за долги денови и ноќи затоа што треба да го води суштинскиот процес. Ја истакна меѓу другото и улогата на локалните власти, бидејќи 70 проценти од спроведувањето на законите на ЕУ потпаѓа на локалните заедници, но и на медиумите кои, според него, имаат посебна одговорност да бидат информирани за да информираат врз основа на највисоките етички и професионални стандарди.

– Фокусот е на спроведување на реформите што ви претстојат. Земјата треба да обезбеди стабилност, просперитет и отчетност дури и во вакви тешки времиња со крвавата војна во соседство со сѐ поскапите цени за живот и енергенси. Дали патот до ЕУ е едноставен – се разбира не, дали ќе има пречки – да, дали ќе има превирања – да. Меѓутоа, разбирањето на оваа тема не е едноставно – рече Гир.

Во однос на темата на првата сесија „Основите на европската интеграција: Владеење на правото и спроведени реформи“ евроамбасадорот изрази разочарување од случувањата во последните месеци.

– ЕУ потроши милиони во овој сектор. Ние и граѓаните со право треба да очекуваме дека тоа ќе генерира резултати. Да, но тоа не е доволно, а настаните во изминатите месеци беа многу разочарувачки. Постои потреба повторно да се заложиме за реформите. Владата го предводи овој процес, меѓутоа и Парламентот треба да ги следи во ова. Реформите се неопходни и тоа ургентно. Имаме одговорност да покажеме професионализам што го очекува јавноста преку судскиот совет, преку правосудните органи затоа што ЕУ ќе го следи овој процес од првиот ден до денот на пристапувањето – порача Гир.

Тој посочи дека истото се однесува и за корупцијата, и праша зошто препораките на ДКСК не се проследуваат систематски.

– Дали имаме причини да бидеме оптимисти. Емпатично кажано – да. Патот на земјата напред е тежок, но веќе сте напреднале во реформи во важни области, а во други сте дури и понапред од земји кои преговараат за членство во ЕУ. Степенот на потешкотии понекогаш може да се чини дека е преобемен но и други држави покажале дека е тоа возможно. Пример се Словенија или Хрватска, како позитивни модели, потоа балтичките држави, како и Словачка која великодушно ја поддржува Националната конвенција. Но ресурсите што постојат во вашата земја се важни и за ЕУ и за меѓународната јавност. Ние ќе бидеме со вас на секој чекор на овој пат не само на зборови, туку со издржана поддршка. Верувам дека ќе успеете. Сметаме на вашето партнерство и пријателство на вашиот пристапен пат како што и вие можете да сметате на нашето – порача евроамбасадорот Гир.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Пациентите со цистична фиброза ќе протестираат пред Владата

Асоцијацијата за цистична фиброза на 4 февруари (сабота) пред Влада со почеток во 12:00 часот ќе одржи протест. – Борбата продолжува со надеж дека ќе...

Шојгу најави реформа со нови 350.000 војници

Реформа со која Русија треба до 2026 година да регрутира нови 350.000 војници најави Кремљ, а рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу ја оправда...

Руски „Искандер“ ги уништи сите, но светилиштето остана недопрено!

На социјалните мрежи се појави видео на кое наводно се гледа уништување на украински борбени возила и опрема во близина на Изјум. Наводно, Украинците паркирале...
spot_img
spot_img
spot_img