14.5 C
Ohrid
Friday, September 30, 2022

Дечев најави за формирање паралелна заедничка бугарско-македонска Комисија

НАЈЧИТАНО

Бугарскиот историчарот Стефан Дечев најави формирање на заедничка бугарско-македонска „Комисија за историја во сенка“, која ќе работи паралелно со постојната Комисија за историски и образовни прашања и која би требало да го трасира патот на преговарачкиот процес меѓу Бугарија и Северна Македонија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Дечев, кој е член на новоформираниот Клуб за бугарско-македонско пријателство, во изјава за Бугарското национално радио (БНР) вели дека таа нова Комисија ќе има своја агенда, свој календар и свои состаноци и цели и ќе покаже дека не мора да има скандали по секоја средба на историчарите од двете земји.

Дечев изразува надеж дека членовите на „Комисијата во сенка“ ќе бидат подготвени за отворен дијалог.

– Целта е да се покаже дека е можно да се соберат луѓе од двете страни на границата и да се води искрен и плоден дијалог насочен кон сите области од животот – изјави Дечев, говорејќи за мисијата на Клубот за бугарско-македонско пријателство, кој брои повеќе од 120 членови.

Дечев најави и дека првиот јавен настан на новиот Клуб во Бугарија ќе се одржи на 16 мај.

Во врска со изјавите на претседателот на Бугарија, Румен Радев во однос на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ, Дечев оцени дека шефот на бугарската држава не тој што треба да кажува како стојат работите кога станува збор за историјата.

Според Дечев, бугарската позиција по прашањето на земјава постојано се менува и кога се следат медиумите во Софија и во Скопје се добива впечаток дека тие создаваат амбиент кој на краток рок не придонесува за промена на ставовите.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО