24.7 C
Ohrid
Wednesday, May 25, 2022

Десет проценти од матурантите го пробија рокот за државната матура

НАЈЧИТАНО

Десет проценти од матурантите го пробија рокот за државната матура. Согласно календарот кој лани го подготви МОН, проектните задачи кои се составен дел од државната матура, требаше да бидат изработени во 21 април.

Заклучно со денес од вкупно близу 17.000 матуранти, 1.600 не го поминале првиот дел од матурата и не можат да полагаат експертни испити во јуни, објави Сител.

Од државен испитен центар велат дека ќе направат сè што е во нивна моќ да се поместат роковите за изработка на проектните задачи за да може екстерните предмети кои се закажани за 04 и 13 јуни да се полагаат навреме. Навременото матурирање и најважно за децата кои веќе се запишале на факултети во странство и треба да ја комплетираат документацијата.

Штрајкот на СОНК започна на 11 април. Од денес градинките работат редовно, но учениците се веќе трета недела надвор од клупите. Членството на СОНК вчера ја одби понудата на Владата за покачување на платите од 12% и завршување на штрајкот. За 04 мај најавен е и голем протест.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО