2.9 C
Ohrid
Sunday, November 27, 2022

Десет лица загинаа, а девет се повредени во пожар во станбена зграда во Урумчи, главниот град на западниот кинески регион Синџијанг

НАЈЧИТАНО

Десет лица загинаа, а девет се повредени во пожар во станбена зграда во Урумчи, главниот град на западниот кинески регион Синџијанг, јави државната телевизија CTV.

Според телевизијата, причина за пожарот,, што избувна вчера на 15-ти кат од зградата, е неисправен електричен разводник.

Британските медиуми пренесуваат дека деветмина повредени се задржани во болница поради труење со чад, но тие се надвор од животна опасност.

Ова е втор смртоносен пожар во Кина во изминатите неколку дена, откако во пожар во фабрика во централниот кинески град Ањанг загинаа 38 лица.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО