23.9 C
Ohrid
Tuesday, July 5, 2022

Денес се Русија и Белорусија, утре на ред ќе дојде вашата земја

НАЈЧИТАНО

Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Томас Бах ги предупреди спортските федерации да не подлегнат на влијанието на владите за да ги санкционираат спортистите врз основа на нивната земја на потекло во врска со руската инвазија врз Украина.

– Потребна ни е почит од владите за нашата улог – рече Бах во обраќањето на генералното собрание на Асоцијацијата на меѓународните федерации на летните олимписки игри (ASOIF) во Лозана доцна синоќа, пренесува ДПА.

– Погледнете ги нашите пријатели од тенисот, во Париз, руските играчи можат да играат како неутрални спортисти, во Лондон, на Вимблдон, Владата вели дека нема шанси, а ако го дозволиме ова, ако се предадеме, тогаш сме изгубени – нагласи тој.

Бах (68) предупреди дека „ако се отвори оваа врата, денес тоа се Русија и Белорусија, утре тоа е вашата земја, нема земја во светот што ја сака секоја влада“.

– Ова е спротивно на сите принципи за кои се залагаме, ако ова го оставиме на владите, тогаш стануваме политичка алатка, истакна тој.

Бах рече дека „секој што ја поддржува војната, може и треба да биде санкциониран, но секој што не ја поддржува војната, неговите права мора да се почитуваат … нема санкција и не треба да има санкција за поседување пасош“.

Извршниот одбор на МОК, сепак, на 28 февруари, четири дена по почетокот на инвазијата, соопшти дека „за да се заштити интегритетот на светските спортски натпревари и за безбедноста на сите учесници“, им препорача на организаторите на меѓународните настани „да не покануваат или да дозволат учество на руски и белоруски спортисти и официјални лица“.

Ако тоа не е можно, тогаш „руските или белоруските државјани, било да се тоа поединци или тимови, треба да се прифаќаат само како неутрални спортисти или неутрални тимови“, потсетува ДПА.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО