9.9 C
Ohrid
Thursday, December 8, 2022

Денеска 355 нови заболени од ковид-19

НАЈЧИТАНО

Нови 355 граѓани заболеле од ковид-19 во изминатото деноноќие, а две лица починале, соопшти Министерството за здравство.

Направени се 1.129 тестови, а регистрираните нови случаи се во: Скопје – 156, Охрид – 32, Битола – 29, Кавадарци – 28, Куманово – 19, Велес – 18, Прилеп – 10, Тетово – 9, Струмица и Кочани по 6, Гостивар – 5, Штип, Гевгелија, Неготино, Радовиш и Валандово по 4, Струга – 3, Крива Паланка, Делчево, Дебар, Пробиштип, Богданци и Кратово по 2, Ресен и Свети Николе по 1.

Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 89 реинфекции. Регистрирани сe 145 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа пријавено е едно починато лице од Скопје (75), починат во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој термин регистрирано е едно починато лице од Струга (78) во домашни услови на 30.06.2022.

Досега во земјата се дијагностицирани 315.402 лица, бројот на оздравени пациенти е 304.599, на починати е 9.329, а бројот на активни случаи изнесува 1.474. Во Скопје има 783 активни случаи.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО