17.9 C
Ohrid
Tuesday, October 4, 2022

Денеска во Украина треба да бидат отворени 10 коридори за хуманитарна евакуација

НАЈЧИТАНО

Украина потврди дека денеска ќе се обиде да ги евакуира заробените цивили преку 10 хуманитарни коридори, пишува Sky News.

Вицепремиерката Ирина Верешчук рече дека овие коридори за евакуација ќе опфатат движења од областа во близина на главниот град Киев и источниот регион Луганск.

Верешчук рече дека Украина уште еднаш ќе се обиде да испрати хуманитарен конвој во Мариупол. Таму луѓето со денови се соочуваат со недостиг на вода и струја, а последните испади од Мариупол велат дека залихите со храна се опасно мали.

„Ќе се обидеме да го деблокираме движењето на конвојот“
„Уште еднаш ќе се обидеме да го деблокираме движењето на хуманитарниот конвој кој носи храна и лекови до Мариупол од Бердјанск“, рече таа.

Да потсетиме, конвојот вчера не успеа да стигне до градот поради руското гранатирање, а Црвениот крст предупреди дека истекува времето за спасување на цивилите кои се задржани таму.

Скај њуз пишува дека се проценува дека од почетокот на војната со Русија на 24 февруари годинава во Мариупол се убиени повеќе од 1.200 луѓе.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО