9.1 C
Ohrid
Friday, December 9, 2022

Дел од факултетите не ги објавија резутатите од првиот уписен рок

НАЈЧИТАНО

Дел од факултетите утрово не ги објавија резултатите од првиот уписен рок кој заврши вчера, бидејќи не можат да се приклучат на компјутерскиот систем на УКИМ. Од службите велат дека се работи на отстранување на проблемот по што сите кандидати ќе можат да ги видат списоците.

Од УКИМ за апелираа студентите да се стрпат, а резултати има за сите факултети.

– Системот на УКИМ е во функција и кандидатите можат да ги видат списоците, но службите на одделни факултети не можат да пристапат до системот. Се работи на отстранување на проблемот и овие факултети ќе можат да ги преземат резултатите. Кандидатите факултетите на кои не можат да ги видат резултатите треба малку да се стрпат, бидејќи резултати за секој факултет ќе има – изјавија за Плусинфо од УКИМ.

Некои од факултетите очекуваат до 13 часот да се отстрани проблемот и да ги објават резултатите.

– Се работи на отстранување на проблемот и веруваме дека кандидатите ќе можат да ги видат списоците. Ако потрае проблемот сите ќе бидат информирани на мејловите кои ги доставиле при уписот – изјавија од стручната служба на Факултетот за електротехника и информациски технологии, еден од факултетите кои немаат пристап до системот на УКИМ.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО