2.9 C
Ohrid
Tuesday, January 31, 2023

Деколтето и насмевката во прв план

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

По ненадејната смрт на нејзиниот сопруг Видое Ристовиќ, водителката Николина Пишек минува низ бурен период, бидејќи е во расправија со свекорот Миша Гроф за распределба на имотот, а таа неодамна реши да покрене кривична постапка против него.

Неодама таа ја соблече црнината и изјави дека животот продолжува и дека мора да се бори за двете ќерки за кои мора секогаш да биде тука, а сега објави нови фотографии кои привлекоа внимание.

Убавата Николина позирала во розов деколтиран фустан и видно е расположена, а фотографиите се направени додека пиела кафе.

„Сосема случајна мимикрија!“, напишала таа во описот на фотографиите.

 

Николина на една од фотографиите може да се види со насмевка на лицето, додека неодамна истакна дека периодов решила максимално да се фокусира на своите ќерки и миленичиња, кои често ги истакнува во јавноста.

Николина неодамна откри дека добро заработува со години.

– Во времето кога работев многу добро заработував. Не знам колку сега заработуваат водителките… – изјави тогаш за хрватски „24сата“, додавајќи дека долго време се потпира на големата сума што ја добива од рекламите.

– Бидејќи го покривав целиот регион, тогаш знаеја често да ме ангажираат за разни работи, заштитно лице за ова, за она, за лево, за десно, не е важно… Можеше да се заработат многу пари, така, од 15.000 до 50.000 евра, тоа беа хонорари – истакнала таа во таа прилика за истиот медиум.

 

ФОТО: Инстаграм

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Ќучуков: Македонизмот победи, можеби дефинитивно, а заслуга за тоа имаат и бугарските политичари кои ја сметаат Македонија како територија, а не како народ

Македонизмот победи, можеби дефинитивно, а заслуга за тоа имаат и бугарските политичари кои ја сметаат Македонија како територија, а не како народ. А македонизмот...

„Војдан Чеднодрински“ распиша конкурс за изборот на текстови

Врз основа на Конкурсот за откуп на необјавен и непоставуван македонски драмски текст објавен од Министерството за култура, Македонскиот театарски фестивал (МТФ) „Војдан Чернодрински”...

Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Месечно зголемување на просечната каматна стапка на вкупните кредити, при што во декември таа изнесува 4,44%.  Просечната каматна стапка на вкупните депозити исто така бележи раст...
spot_img
spot_img
spot_img