2.1 C
Ohrid
Monday, November 28, 2022

Двојно е бројот на пожари во Амазон

НАЈЧИТАНО

Во септември бројот на пожари во бразилската Амазон достигна највисоко ниво во последните десет години, покажуваат податоците на бразилскиот државен институт ИНПЕ.

Во Амазонија од почетокот на месецот се регистрирани 36.850 предупредувања за пожар – двојно повеќе отколку во цел септември минатата година и најмногу од септември 2010 година, кога беа издадени 43.933 предупредувања.

Податоците покажуваат дека во август се исчистени 1.661 квадратни километри од амазонската прашума, што е за 81 отсто повеќе во однос на истиот месец минатата година.

Претседателот Жаир Месијас Болсонаро ги откажа мерките за заштита на животната средина, па процесот на уништување на шумите во Амазон достигна највисоко ниво во последните 15 години, јавуваат агенциите.

Амазонија е само една од вкупно седумте ризични зони, заедно со крајбрежната атлантска шума, сувиот регион Катингу на североисток и пампата на југ.

Уништувањето на дождовните шуми во Бразил обично се интензивира во изборна година, бидејќи полицијата има тенденција да гледа на другата страна, а дрвната индустрија се обидува да спречи можна промена во политиката за животна средина.

„Пожарите не се природна појава во амазонската прашума. Тие се поврзани со често незаконските активности на луѓето и со нивото на деградација, што ја прави областа особено ранлива на пожари“, објаснува научната менаџерка Маријана Наполитано.

Поранешниот директор на ИНПЕ, Рикардо Галвао, забележува дека Бразил „некогаш беше пример за другите во мониторингот на шумите, но владата ги распушти надлежните агенции“.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО