18.9 C
Ohrid
Friday, July 1, 2022

Две претставнички од германското МНР со битна порака

НАЈЧИТАНО

„Македонија мора да реши која ѝ е црвената линија за постигнување компромис со Бугарија, во кој дел ќе попушти, а што ќе побара за возврат, со оглед дека земјата со која преговара за да ѝ се отвори европскиот пат е членка на Европската Унија“.

Ова е пораката која денеска на претставниците на сите релевантни институции и политички чинители во земјава им ја пренесоа двете претставнички од германското МНР, Сабине Штер, директорка за европска политика и Сузане Шуц, директорка за земјите од Западниот Балкан, кои во Скопје, допатуваа од Софија каде разговарале за закочениот пристапен процес на Македонија и на Албанија, пишува Телма.

Според Сабине Штер, некаков компромис мора да има.

– Тоа е една многу тешка и важна одлука. Пред сè владата и сите проевропски сили треба да ја донесат таа одлука – до каде може да оди компромисот. Не верувам дека би се правел компромис околу националниот идентитет, меѓутоа ќе може да има компромиси за други работи, во однос на чекорите во процесот на пристапување, колку другиот ќе попушти, колку другиот ќе прифати, бидејќи едната земја е веќе членка на Европската Унија, колку може таа да се меша и може да бара одредени активности. Мислма дека треба да се донесе таква одлука – рече Штер.

Притоа Штер посочи дека одлуката што би ја донела Македонија би била суверена одлука на една земја, во која тие нема да се мешаат. Штер од Скопје посредно испрати порака и до Бугарија, посочувајќи дека малцинските права и другите вредности се дел од ЕУ и сите треба да ги почитуваат, но оти на прашањата поврзани со идентитет и со историја не може да имаат свое место во процесот на пристапување.

За Штер и Шуц пристапниот процес не само на Македонија, туку и на целиот Западен Балкан е од стратешки интерес на Европската унија, што инвазијата на Русија врз Украина уште повеќе го засилува, со цел да се спречи мешање на трети страни во регионот. Според нив тоа треба да ја принуди Унијата уште порешително да продолжи со проширувањето, но истовремено им порачаа на земјите од Западниот Балкан да решат од чија страна се, на страната на ЕУ или на страна на Русија.

На дебатата организирана од германската амбасада, евроамбасадорот Дејвид Гир фокусот па пристапувањето на земјава пак го стави на спроведувањето на реформите, додека францускиот амбасадор говорејќи за новиот контекст во кој се најде проширувањето, кое е, како што рече е главно за земјава, рече дека не се прават доволно напори, но оти се надева дека наскоро ќе се најде решение при што секој треба да преземе одговорност за тоа.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО