4.9 C
Ohrid
Monday, January 30, 2023

Две лица се повредени во земјотрес со интензитет од 4,9 степени во Измир

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Две лица се повредени во земјотрес со интензитет од 4,9 степени според Рихтеровата скала, што ја погоди денеска западната турска провинција Измир и предизвика паника меѓу населението, соопштија официјални лица.

Градоначалникот на Измир информираше дека нема регистрирано поголема материјална штета, освен урнатото минаре на една џамија.

Турската служба за управување со вонредни состојби соопшти дека земјотресот со интензитет од 4,9 степени според Рихтеровата скала, со епицентар во областа Буча во Измир, се случил во 3.29 часот изутринава по локално време.

Најмалку две лица се повредени, откако скокнале од високи места, додека во паника се обидувале да ги напуштат нивните домови, објави министерот за внатрешни работи Сулејман Шојлу на Твитер.

Пред неколку дена Измир ја одбележа годишнината од земјотресот со интензитет 6,6 степени според Рихтеровата скала, кога загинаа 117 луѓе на 30 октомври 2020 година.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Банките имаат долги списоци на одземен имот за продажба

Имоти на компании во стечај, производни погони, хотели, ресторани, машини опрема, станови, куќи, како и удели на поединци во компании, па се до кранови, маски и...

Ѝ испратил лажна банкарска сметка за уплата

СВР Штип поднесе кривична пријава против Ј.Т.С.(21) од Велика Британија, правно лице од Велика Британија и A.A.A.(44) од Велика Британија, поради постоење основи на...

Како популарниот Чет-бот би го решил спорот меѓу Македонија и Бугарија?

Македонци ѝ поставија прашање на интернет платформата Чет-ГПТ(Chat GPT), оперирана од најсофистигирана програма за вештачка интелигенција, како да се реши спорот меѓу Бугарија и Македонија. ChatGPT (Chat...
spot_img
spot_img
spot_img