16.2 C
Ohrid
Friday, August 12, 2022

Две лица починаа, а нови 897 граѓани заболени од ковид-19 се регистрирани во последните 24 часа во земјава

НАЈЧИТАНО

Две лица починаа, а нови 897 граѓани заболени од ковид-19 се регистрирани во последните 24 часа во земјава, соопшти Министерството за здравство.

Меѓу нив од Скопје се 384, Битола – 66, Струмица – 47, Прилеп – 43, Куманово и Кавадрци по 41, Велес – 37, Охрид – 36, Тетово – 26, Струга и Неготино по 19, Гостивар – 17, Штип – 16, Радовиш – 13, Кичево – 12, Дебар – 10, Гевгелија и Демир Хисар по 8, Кочани и Крива Паланка по 7, Валандово и Кратово по 6, Ресен, Берово и Свети Николе по 5, Пробиштип и Крушево по 4, Виница и Пехчево по 2, Богданци – 1.

Од вкупниот број позитивни, регистрирани се 215 реинфекции. Регистрирани сe 638 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа пријавени се две починати лица во болнички услови од Скопје (80 и 83). Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој термин не се  регистрирани починати лица.

Направени се 1.828 тестови. Досега во земјата се дијагностицирани 325.279 лицаоздравеле 311.015, починале 9.363, а бројот на активни случаи изнесува 4.901. Во Скопје има 2.217 активни случаи, а само во Демир Капија не е регистриран ниту еден заболен.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО