23.9 C
Ohrid
Monday, May 23, 2022

Две клучни земји решија да ја полнат касата на Путин

НАЈЧИТАНО

Диктаторите кои се на чело на Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати грабаат огромни профити од продажбата на нафта чија цена скокна поради војната во Украина, а со тоа ја полнат касата на Путин, наместо на Западот со кој до вчера беа сојузници. Со такви пријатели, кому воопшто му требаат непријатели? И зошто администрацијата на Бајден игра онака како што тие играат?, прашува аналитичарот Џош Рогин во напис за Вашингтон Пост.

Мохамед Бин Салман од Арабија и Мохамед Бин Зајед од ОАЕ неколку пати по ред го одбиваат предлогот на Бајден да произведат повеќе нафта отколку што обично прават, за со тоа вештачки да се намали цената на нафтата на светските берзи. Минатата недела, директорот на ЦИА лично ја посети Саудиска Арабија за да побара да се „отвори чешмата“.

– Саудиска Арабија и ОАЕ се сојузници на Русија во Персискиот Залив, а всушност перат руски пари и категорично и намерно одбиваат да го зголемат производството на нафта – изјави демократскиот пратеник Том Малиновски на Форумот Седона на Институтот Мекејн минатата недела.

– Ова е моментот кога земјите треба да одлучат на чија страна се? – праша тој.
Уште пред почетокот на украинската војна, администрацијата на Бајден почна да го напушта своето предизборно ветување дека ќе заземе поцврст став против Саудијците, продолжувајќи со трговијата со оружје и испраќајќи ги своите високи претставници на средба со Мохамед Бин Салман, човекот кој според ЦИА, е нарачателот на озлогласениот атентат врз новинарот Џамал Кашоги од Вашингтон пост во 2018 година.

Но, украинската криза му даде златна можност на Мохамед Бин Салман. Тој почна да разговара со Путин, наместо да ја прифати понудата да се сретне со Џо Бајден во март. Оттогаш Бајден избегнува да праќа нови покани, затоа што тоа би било јавно понижување за американскиот претседател.

Во меѓувреме, Мохамед Бин Салман јавно ги заведува републиканците. Тој му даде на зетот на Доналд Трамп, Џаред Кушнер, две милијарди долари преку приватен инвестициски фонд без никаква транспарентност. Овие пари Трамп би можел да ги искористи на изборите против Бајден во 2024 година.

Тимот на Бајден е во неволја. Американците уште се однесуваат како големите земји со нафта од Персискиот залив да ја имаат предноста. Останува да видиме како тоа ќе заврши.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО