5.2 C
Ohrid
Wednesday, November 30, 2022

Двеј Џонсон познат како „Карпа“ го коментирал задникот на Клои Кардашијан

НАЈЧИТАНО

Актерот Двеј Џонсон познат како „Карпа“ и ријалити ѕвездата Клои Кардашијан сега се соседи во Музејот на восочни фигури „Мадам Тисо“ во Лас Вегас.

Во видеото објавено на ТикТок пред два дена, актерот свратил во Теремана Бар во склоп на музејот за да наздрави за својата нова восочна фигура. Потоа им ја покажал на своите фанови, а одлучил да покаже уште нешто.

„Мора да ве запознаам со мојата сосетка“, рекол славниот актер, свртувајќи ја камерата кон фигурата на Клои, облечена во боди од тантела и тесни фармерки.

„Погледнете го ова луѓе. Изгледаме „кул“ заедно, нели?, рекол тој и ја кренал веѓата во својот препознатлив стил.

Набрзо се пожалил дека на неговата фигура ѝ недостасува материјал во пределот на задникот, па побарал од вработените во музејот „да му дадат малку повеќе глутеус како на Клои“.

„Дајте ми глутеус како нејзините“, додал тој.

Видеото го видела и Клои Кардашијан, а како што открила, „плачела“ од смеење.

„Изгледа дека сум во одлично друштво. Нѐ наместија“, напишала таа на Инстаграм.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО