23.1 C
Ohrid
Saturday, August 20, 2022

Двајца починати и 72 заболени од ковид-19

НАЈЧИТАНО

Двајца починати и 72 заболени од ковид-19 регистрира денеска Министерството за здравство.

Направени се 1.124 тестови, а регистрираните нови случаи на ковид-19 во Скопје – 53, Битола – 8, Тетово, Охрид и Берово по 2, Куманово, Прилеп, Штип, Кочани и Гевгелија по 1.

Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 20 реинфекции.

Регистрирани сe 54 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој термин дополнително се регистрирани две починати лица од Охрид (82) и од Велес (74) во периодот од 24.05 до 28.05.2022 година. Едно лице е починато во домашни и едно лице во болнички услови.

Досега во земјата се дијагностицирани 312.157 лица со ковид-19, бројот на оздравени пациенти е 302.344, на починати е 9.309, а бројот на активни случаи изнесува 504. Во Скопје има 339 активни случаи.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО