8.5 C
Ohrid
Sunday, December 4, 2022

Двајцата Американци во тимот се придружија на бојкотот

НАЈЧИТАНО

Кошаркарите од Црвена Звезда вчера одбија да застанат зад голем транспарент со украинското знаме исцртано со зборовите „Стоп војна“ пред натпреварот со литванскиот тим Жалгирис во Евролигата. Во тимот на Црвена Звезда имаше и двајца Американци, Арон Вајт и Нејт Волтерс, кои исто така го отфрлија гестот и се тргнаа настрана со своите српски колеги, пишува РТ.

Натпреварот започна, а се слушаа скандирања „Слава на Украина“ и „Е*и се Србија“. Домашните поддржувачи на Жалгирис „вееја и знамиња на НАТО.

Арон Вајт, американскиот кошаркар од Црвена Звезда потоа на твитер напиша дека му било кажано „да не го допира знамето“, но повтори дека е цврсто против рускиот напад врз Украина и „сака мир во нашиот свет“.

 

 

Летонски Жалгирис победи во мечот во продолжението, а литванската ѕвезда Паулиус Јанкунас потоа им се заблагодари на навивачите за поддршката на домашната екипа и Украина.

– Игравме против тим од земја која поинаку гледа на ситуацијата. Не сакам да ги мешам работите, тие живеат во еден свет, ние во друг. Мислам дека ја гледаме оваа ситуација пореално – рече тој.

Евролигата на крајот на месец февруари објави дека ги суспендира сите руски тимови поради воената операција во Украина, додека кошаркарското раководно тело ФИБА набргу потоа им забрани на сите руски тимови и официјални лица учество на меѓународни натпревари.

Санкциите се дел од опсежните мерки преземени од страна на голем број спортски федерации за забрана на руски и белоруски спортисти по препорака на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК).

Откако УЕФА и германскиот фудбалски клуб Шалке ги прекинаа спонзорските договори со рускиот енергетски гигант Газпром, директорот на Црвена Звезда, Звездан Терзиќ, рече дека немаат намера да го сторат тоа.

– Ние сме огорчени – рече Терзиќ за забраните што им беа доделени на руските спортисти.

– Поминавме низ ова во 1992 година. Во Европа владее антируска хистерија, политиката непотребно се меша во спортот – додава тој.

– Ние сочувствуваме со украинскиот народ и со ужасните цивилни жртви, но рускиот народ е близок со Србите и секогаш ќе биде. Русија е сила која отсекогаш била на српската страна – заклучува Терзиќ.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО