5.9 C
Ohrid
Wednesday, February 1, 2023

Двата оџака на Макстил во 2022 година емитувале помалку честички од дозволеното

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Емисионите вредности на цврсти честички на Макстил во текот на цела 2022 година се далеку пониски од дозволените, гранични вредности, соопшти компанијата.

Таа во континуитет ги мери емисиите на цврсти честички од двата оџака активни во производниот процес и ги објавува квартално. Секој од овие извештаи покажал неколкукратно пониски вредности од дозволените. Во текот на измината година, секој месец вредностите биле барем за два до три пати, а некогаш и повеќе под граничните вредности пропишани од Министерството за животна средина, како и помали од дефинираните гранични емисиони вредности во А-интегрираната еколошка дозвола и од пропишаните европски гранични емисиони вредности.

Највисоката вредност во Макстил била измерена во емисионата точка Оџак од филтер постројка во јуни и изнесувала 7,33 микрограми на метар кубен (mg/Nm3), а граничната вредност на оваа точка е 20 микрограми на метар кубен. На втората мерна точка, Оџак од пескара, каде најниската дозволена гранична вредност изнесува 30 микрограми на метар кубен, највисоката вредност била измерена во април и изнесувала 11,21 микрограми на метар кубен.

Малите вредности на емисии од оџаците на Макстил се резултат на инвестициите на компанијата во зголемување на еколошките стандарди и во унапредување на производните процеси соодветно еколошките мерки и А-интегрираната еколошка дозвола.

На графичкиот приказ се претставени вредностите од двете мерни точки по месеци споредени со дозволените вредности.

 

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Газдата на Фејсбук е на 21 место со „само“ 55 милијарди долари

На најновата листа на милијардери на Блумберг објавена денеска прв е Французинот Бернар Арно, сопственик на бројни познати брендови, меѓу кои и „Луј Витон“,...

Грција ја потврди смртта на воениот пилот чиј авион се урнал во морето

Грција ја потврди смртта на триесет и едногодишниот пилот Ефстатиос Цитлакидис, чиј борбен авион Ф-4 Фантом во понеделникот се урна во Јонското Море. Телото на...

Во Холандија е потврдено кравјото лудило

Холандските власти потврдија дека кравата што умрела на фарма во таа земја имала таканаречена кравјо луда, ретка невродегенеративна болест кај говедата која може да...
spot_img
spot_img
spot_img