2.9 C
Ohrid
Tuesday, January 31, 2023

Да се спроведе Договорот за добрососедство

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Нема нешто ново во врска на темата за Северна Македонија што би можело да го промени досегашниот став на Бугарската социјалистичка партија, изјави денеска координаторот на пратеничката група на социјалистите во Собранието на Бугарија, Георги Свиленски.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, тој нагласи дека единственото нешто што може да го промени ставот на БСП е спроведување на Договорот за пријателство меѓу Македонија и Бугарија од 2017 година, што, според него, во оваа фаза не е случај.

Според Свиленски, свикувањето на Консултативниот совет за национална безбедност за односите со земјава е добра идеја и нема никаков проблем тој да се одржи, бидејќи колку повеќе информации се споделат, толку е подобро.

Изјавата на Свиленски доаѓа пред вечерашната средба на лидерите на партиите од бугарската владина коалиција на која главна тема ќе бидат односите со Македонија.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Андреа Петковиќ: Како Горан да е најголемиот ривал на Новак

Поранешната германска тенисерка Андреа Петковиќ го коментираше учеството на Новак Ѓоковиќ во Мелбурн во врска со односот меѓу него и Горан Иванишевиќ, кој неколку...

Почина американската актерка Лиза Лоринг

Почина американската актерка Лиза Лоринг, која го играше детскиот лик среда Адамс во оригиналната телевизиска серија Адамс во 1960-тите. Таа имаше 64 години. Според...

Дали ќе се исценираат инциденти, прашува ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ и владата да одговорат дали зачестените бегства од затворите се смислено сценарио во коешто побегнатите се пуштени да предизвикаат инциденти во државата на...
spot_img
spot_img
spot_img