Дачиќ најавува промена на курсот

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ вчера за првпат навести дека Белград може да го промени курсот и да воведе санкции против Русија, што е едно од клучните барања на ЕУ за Србија да напредува во преговорите за членство во Унијата.

Во ексклузивното интервју за EURACTIV Србија, Дачиќ, кој е ветеран со повеќе од 30 години во политиката на високо ниво, рече дека Србија, кандидат за ЕУ од 2012 година, првенствено се водеше од проценката што е во нејзин најдобар интерес.

– Го осудуваме нарушувањето на територијалниот интегритет на Украина и на тој начин гласавме во меѓународните тела. Дали ќе воведеме санкции против Русија е друго прашање. Тоа не е прашање на време или рокови, тоа е прашање што се однесува на нашите политички и економски интереси, изјави тој за EURACTIV Србија.

Српскиот претседател Александар Вучиќ жестоко се спротивстави на санкционирањето на Москва поради нејзината офанзива во Украина, често нагласувајќи дека Србија ја увезува целата своја нафта и гас од Русија, но е под зголемен притисок од Западот да го промени својот став. Во октомври, тој откри план од 12 милијарди евра за инвестиции во енергетската инфраструктура во текот на шест години за да се диверзифицира и да се обезбеди снабдување со енергија.

Дачиќ рече дека од руската анексија на Крим во 2014 година до сега, Србија не се приклучила на западните санкции „бидејќи проценивме дека тоа нема да биде во наш интерес”.
– Доколку нешто се промени на штета на интересите на Србија, тогаш нашата одлука ќе биде соодветно приспособена затоа што во секој момент ќе оценуваме која е најдобрата одлука за нашата економија, за нашата позиција во светот и за граѓаните на Србија – рече Дачиќ.

Во друг знак дека наративот за Русија, која се смета за традиционален сојузник на Србија, може да се менува, српската премиерка Ана Брнабиќ, која синоќа присуствуваше на настанот на промоцијата на EURACTIV Србија во Белград, зборуваше за „руската агресија врз Украина”, формулација која Србија претходно не ја користеше. Таа, исто така, ја пофали ЕУ како најголем инвеститор и донатор во Србија.

Дачиќ нагласи дека членството во ЕУ е „приоритет за Србија”, но тој исто така ја критикуваше ЕУ поради одолговлекувањето на проширувањето.

– Тој наратив што често го слушаме, дека Балканот би можел да создаде нови проблеми доколку е внатре во ЕУ, е повеќе изговор затоа што ЕУ бележи намалување на апетитот за проширување – рече тој.

– Тоа е прашање што не им носи гласови на европските политичари и затоа тие го маргинализираат – изјави шефот на српската дипломатија.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Граѓаните на Швајцарија излегуваат на референдум

Граѓаните на Швајцарија на референдум ќе одлучат дали сакаат да го задржат плаќањето во готово, објави во понеделникот здружението, откривајќи дека собрало доволно потписи...

Македонија се мобилизира да им помогне на настраданите во силниот катастрофален земјотрес од што ги погоди Турција и Сирија и предизвика големи материјални штети,...

Македонија се мобилизира да им помогне на настраданите во силниот катастрофален земјотрес од што ги погоди Турција и Сирија и предизвика големи материјални штети,...

Зошто земјотресот во Турција беше толку смртоносен и што го предизвика?

Разорен земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала во понеделникот ја погоди југоисточна Турција во близина на границата со Сирија, а бројот...

Moda

Екстравагантни изгледи на познатите од црвениот тепих на Греми наградите

Црвениот тепих на синоќешното 65. Греми награди секако не разочара. Најголемите музички имиња секогаш присуствуваат на најзвучната музичка вечер, а ни овогодинешната награда не...

Неочекуван тренд на хеланки оваа зима кои можете да ги носите во секое време и секаде

Да, хеланките со винил и кожен ефект се враќаат! На полето на хеланки, минатата година видовме (речиси) сè: особено хеланките со селотејп кај нозете повторно...

Тоа е најтренди боја на фармерки што ќе ја носиме во летото 2023 година

Сивите фармерки се дефинитивно крој во кој вреди да се инвестира ова лето. Широки сиви фармерки - тренд кој им ласка на сите типови на...
spot_img
spot_img
spot_img