16.1 C
Ohrid
Saturday, August 13, 2022

Дали осомничениот Драги Рашковски, поранешен секретар на Владата, навистина е во Грција, на Халкидики, како што се тврди на социјалните мрежи, каде што се објавени и фотографии наводно направени во камп на Халкидики?

НАЈЧИТАНО

Дали осомничениот Драги Рашковски, поранешен секретар на Владата, навистина е во Грција, на Халкидики, како што се тврди на социјалните мрежи, каде што се објавени и фотографии наводно направени во камп на Халкидики?

Плусинфо побара одговор од надлежните органи и неофицијално доби објаснување како можело ова да се случи, ако воопшто се случило.

На Рашковски не му е изречена мерка домашен притвор, туку му е одземен пасошот од страна на надлежниот суд. Пред само еден месец, откако повеќе медиуми објавија дека тој од судот побарал да му биде вратен одземениот пасош, Рашковски реагираше со тврдење дека не побарал да му се врати пасошот и дека станува збор за лажна вест.

– Судот е вистинското место на кое пак треба да побарате одговор на прашањето дали на Рашковски во меѓувреме му е вратен пасошот – изјави добро упатен извор за Плусинфо.

 

Можело ли да се случи Рашковски да ја помине границата без пасош?

Во принцип, можело и тоа да се случи, иако е ризично и тешко да се испланира. На граничниот премин Богородица понекогаш, во пиковите, кога има голем метеж, се случува патниците да се пропуштаат без преглед на патните исправи. Тоа можело да биде идеален момент и за Рашковски.

– Но, ако така излегол од земјата, требало да има на ум дека треба и да се врати назад. Ако тоа се случило, неизбежно ќе се утврди и во таков случај Рашковски ќе одговара – вели нашиот извор.

Секако, останува можнпоста да станува збор за стара фотографија, а осомничениот Рашковски сепак да е во Македонија. Но, во таков случај, зошто не се јавува да ги демантира шпекулациите на социјалните мрежи?

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО