13.3 C
Ohrid
Monday, October 3, 2022

Дали имате чести инфекции на мочниот меур? Еве која храна треба да ја јадете и која да избегнувате

НАЈЧИТАНО

Воспалението на уринарниот тракт може да предизвика непријатност, болка и честа потреба за празнење на мочниот меур, но може да доведе и до низа сериозни компликации.

Одредена храна може да помогне во спречување или намалување на фреквенцијата на инфекции на уринарниот тракт. Додека некои треба да се избегнуваат доколку сте склони кон чести уринарни инфекции, пишува Живим.хр.

Овој прилично занемарен зеленчук, кој најчесто се користи само како додаток на супи и сосови, е исклучително корисен за мочниот меур и сврзните ткива. Значително ја намалува количината на урична киселина и на тој начин ја намалува непријатноста пред и по мокрењето. Целерот може да помогне и во производството на урина и докажано е дека помага во борбата против бактериските инфекции во репродуктивните органи и дигестивниот систем, а не само во уринарниот тракт.

Овошје од бобинки
Од боровинки до јагоди до малини, бобинките содржат флаваноли за кои е докажано дека помагаат во лекувањето на бактериски инфекции, особено оние во уринарниот тракт.

Храна која обезбедува хранливи материи
Се препорачуваат и круши, банани, боранија, сквош, леб од цели зрна, јаткасти плодови и јајца. Тоа се намирници кои ќе обезбедат хранливи материи и нема да го иритираат мочниот меур.

Што не треба да се јаде
Преработената храна содржи помалку антиоксиданси и други хранливи материи од свежата храна и може да го зголеми нивото на слободните радикали во телото, што го отвора патот до инфекции. Има и одредени намирници кои не се пожелни доколку сте склони кон инфекции, како кафе, алкохол, цитрусно овошје, јадења од домати, вештачки засладувачи и многу зачинета храна.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО