21.5 C
Ohrid
Saturday, August 20, 2022

Дали да стоиме во место или да преговараме со рамката од Бугарија?

НАЈЧИТАНО

Експертите до чии изјави дојде Плусинфо, се претпазливи во оценката за активностите на францускиот претседател Емануел Макрон, кој се обидува да даде одредено забрзување и олеснување во спорот меѓу Македонија и Бугарија.

Францускиот претседател вчера обави телефонски разговори со македонскиот премиер Димитар Ковачевски, со бугарскиот Кирил Петков, како и со претседателот на источниот сосед Румен Радев. Оваа активност на Макрон многумина ја протолкуваа како давање на нов импулс во преговорите што се водат меѓу Скопје и Софија и обид што поскоро да се изнајде решение за спорот, кое резултираше со бугарско вето за македонските аспирации во Европската Унија.

– Тоа е обид да се даде импулс на преговорите, но без вистинска идеја. Макрон вели доколку вие се договорите, тогаш ние ќе ви олесниме – вели поранешниот амбасадор на Република Македонија во Бугарија, Марјан Ѓорчев.

Сепак, Ѓорчев открива голема опасност по нашата земја, во разговорот што францускиот претседател го водеше со својот бугарски колега. Раде споменува патоказ за краткорочни и долгорочни мерки за цели, чија имплементација ќе го унапреди процесот на европска интеграција на Македонија. Радев говори и за правно обврзувачки гаранции, кои ќе бидат вклучени во преговарачката рамка за Република Македонија и да се обезбеди спроведување на обврските преземени од Скопје, заклучи Радев. Токму преговарачката рамка, која се очекува да биде вметната во преговарачкиот процес со ЕУ, според Ѓорчев ќе претставува катастрофа.

– Тоа ќе биде погубно за нас. Доколку во преговарачката рамка биде вметнато дека Македонија ќе треба во преговарачкиот процес да се договори со Бугарија, тогаш постои опасност да не отвориме ниту едно поглавје. Инаку колку и да ни се чини дека Софија е под меѓународен притисок во врска со спорот со Македонија, јас тврдам дека нема шанси власта во Бугарија да попушти во спорот – вели Ѓорчев.

Првиот министер за надворешни работи на Македонија, професорот Денко Малески, тврди дека Франција во моментов ја презема врз себе и обврската за проширувањето на Унијата.

– Улогата на Макрон се зголеми со заминувањето на Велика Британија. Во минатото французите беа надлежни за зајакнувањето на ЕУ, а Британците за проширувањето. Макрон сега е обврзан и кон зајакнувањето, но и кон проширувањето што сега се гледа како безбедносно прашање по случувањата во Украина – вели Малески.

Но, професорот вели дека во моментов треба да се присетиме на „железното правило“, според кое се станува членка на ЕУ. Односно, потребен е консензус од сите земји членки и додека Бугарија самата не каже дека проблемот е решен, ништо нема да се смени. Сепак, Малески вели дека доколку се пружи шанса да ги започнеме преговорите, тоа и да го сториме, а решението со Бугарија да го најдеме по пат.

– Најстрашното што може да ни се случи е да добиеме вето пред портите на ЕУ. Пред нас се две лоши решенија, а ние треба да одбереме дали да останеме надвор и да не ѝ попуштиме на Бугарија или да ги почнеме преговорите со ЕУ, а решението со Бугарија да го бараме во наредните 10 години. Тоа е долг процес и многу работи ќе можат да се променат до тогаш – додава тој.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО