24.9 C
Ohrid
Thursday, July 7, 2022

Дали вреди да се исклучи бојлерот или секогаш треба да биде вклучен?

НАЈЧИТАНО

Кога штедиме повеќе? Ако бојлерот е вклучен 24 часа или ако го вклучиме само кога тарифата за струја е поевтина?

Онлајн форумите се полни со совети, а подолу можете да прочитате неколку совети дадени од експерти:

– Доколку во домаќинството живее самец или двојка, најдобро е да го вклучите бојлерот кога е потребно или кога струјата е поевтина.

– Ако се работи за многудетно семејство, ќе заштедите повеќе ако бојлерот е постојано вклучен.

– Зависи и од тоа дали водата од бојлерот се користи само за туш кабина или и за кујна. Ако целата топла вода во куќата доаѓа од истиот апарат, најдобро е тој да е постојано вклучен.

– При поставување на температурата важи правилото дека златната средина е најдобрата опција, па затоа треба да се постави на број 2 или температура од 55 степени.

– Секогаш исклучувајте го бојлерот кога се туширате.

Повеќето од нас не размислуваат дали туширањето со вклучен бојлер е безбедно додека некој не се повреди. За жал, може да дојде до електричен удар. Тоа не е вообичаено, но сепак може да се случи. Веста за струен удар од бојлер се појавува на секои неколку месеци. Редовниот сервис на бојлерот гарантира дека тоа нема да се случи, пишува citymagazine.danas.rs.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО