16.1 C
Ohrid
Saturday, August 13, 2022

Гужвата потоа се дели меѓу Богородица и Дојран

НАЈЧИТАНО

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Табановце времето на чекање за влез во државата е околу еден час, на Богородица за излез се чека исто така околу еден час, а на Дојран за излез се чека околу 30 минути.

На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО