28.9 C
Ohrid
Wednesday, May 25, 2022

„Гугл“ постигнал договор со повеќе од 300 медиуми во шест земји од ЕУ за плаќање на нивната содржина

НАЈЧИТАНО

„Гугл“ соопшти дека постигнал договор со повеќе од 300 медиуми во шест земји од ЕУ за плаќање на нивната содржина, најавувајќи понуди за медиуми и во други земји-членки на ЕУ.

Издавачите се меѓу најжестоките критичари на Гугл и долго време ги повикуваат владите да го регулираат плаќањето на надомести за медиумска содржина објавена на дигитални платформи. Австралија минатата година го регулира плаќањето, а сличен закон стапи во сила и во Канада во април.

Директорката за медиуми на Гугл, Сулина Конал, вчера објави на блог дека се согласиле да плаќаат за содржината со околу 300 медиумски компании во ЕУ.

– Договорите што ги постигнавме досега опфаќаат повеќе од 300 национални, локални и специјализирани изданија на весници во Германија, Унгарија, Франција, Австрија, Холандија и Ирска, а се водат и многу дискусии – напиша таа.

Конал не наведе колку им се плаќа на медиумите, а деталите треба да бидат објавени во текот на денот.

ЕУ пред три години усвои директива за авторски права, со која се бара од онлајн платформите да плаќаат надомести на музичарите, изведувачите, авторите, издавачите на вести и новинарите за објавување на нивните содржини.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО