27.9 C
Ohrid
Tuesday, August 16, 2022

Гувернерот на Доњецк повика на евакуација на 350.000 луѓе од таа област

НАЈЧИТАНО

Руските трупи ја засилија офанзивата во Доњецк, што го натера гувернерот да побара повеќе од четвртина милион жители да се евакуираат, еден ден откако рускиот претседател Владимир Путин прогласи победа во заземањето на провинцијата во источна Украина.

Гувернерот Павло Кириленко рече дека евакуацијата на 350.000 луѓе од Доњецк е неопходна за да се спасат животи и да и се овозможи на украинската војска подобро да ги брани градовите од рускиот напредок.
„За судбината на целата земја ќе одлучува регионот Доњецк“, изјави гувернерот во Краматроск, административен центар на покраината и центар на регионалниот штаб на украинската армија.

Уште еден град во регионот кој беше на патот на офанзивата на Москва денеска беше под континуирано бомбардирање.

Градоначалникот Вадим Љах рече дека Славјанск, град кој имал околу 107.000 жители пред Русите да ја нападнат Украина пред повеќе од четири месеци, бил „масовно гранатиран“.

Во неделата, украинската армија ги повлече своите војници од градот Лисичанск, додека рускиот министер за одбрана и Путин објавија дека со заземањето на градот, Москва добила контрола над целиот Луганск, еден од двата региони кои го сочинуваат Донбас.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО