2.8 C
Ohrid
Friday, February 3, 2023

Губиме 60 отсто од водата поради лоша инфраструктура

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Последните податоци покажуваат дека немаме однос кон водата како природен ресурс и загубите на национално ниво достигнуваат до 60 отсто поради лошата инфраструктура и поради отсуство на инвестиции на јавните претпријатија. Секој пат кога се определува опсег на тарифа, советите на општините најчесто ја одбираат тарифата во чија структура степенот на инвестиции е на најниско ниво и подразбира базично одржување на мрежата, рече претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски кој заедно со колегите од регионот и ЕУ потпиша Меморандум за соработка во областа на водните услуги.

Ова, оцени Бислимовски, е проблем со кој се соочуваат сите во регионот.

– Неопходно е да се објасни секој денар за што се троши и колку инвестиции се реализираат во комуналните претпријатија – подвлече претседателот на РКЕ.

Меморандумот беше потпишан во Тирана од страна на  регулаторните комисии за енергетика на Северна Македонија, Албанија, Косово и Црна Гора, како и Асоцијацијата на регулаторни тела на Европа за водни услуги (WAREG). Целта е заеднички изнаоѓање решенија за менаџирање на водните услуги.

Како што информира РКЕ, регулаторите се обврзаа и преку заедничка соработка да ја усогласат домашната регулатива со законите на ЕУ.

– Документот е резултат на досегашните заеднички билатерални програми за соработка во рамки на WAREG за зајакнување на институционалните капацитети на регионално ниво. Делиме исти предизвици, а клучен постулат во нашата работа е на сите потрошувачи да им се обезбеди правото на вода, која треба да е високо квалитетна и достапна по тарифа која ќе гарантира и инвестиции во мрежата со цел да се намалат загубите – нагласи Бислимоски.

Тој додаде дека оваа фаза од процесот на реформи во секторот води во земјите од регионот е неизбежна и од голема важност за доверливи, одржливи и економични системи за регулација на водните услуги.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

МВР гарантира безбедно чествување на 4 февруари

Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира, како што наведува, лагите изнесени на еден портал дека за безбедноста во сабота ќе се грижат и...

Даниел Поповиќ откри која е Џули од познатата песна

Музичарот Даниел Поповиќ ја претставуваше Југославија на Евровизија во 1983 година во Минхен со песната „Џули“. Освои високо четврто место и песната стана хит....

Откако еден обожавател од публиката во текот на последниот концерт на Адел покажал фотографија од својата покојна сопруга, пејачката се расплакала и му ја...

Откако еден обожавател од публиката во текот на последниот концерт на Адел покажал фотографија од својата покојна сопруга, пејачката се расплакала и му ја...
spot_img
spot_img
spot_img