14.3 C
Ohrid
Friday, October 7, 2022

Грција ќе изврши притисок врз Турција, по наредба на САД

НАЈЧИТАНО

Турскиот експерт за тероризам, Коксун Басбуг, во изјавата дадена за државната телевизја, претпостави дека САД ќе ја поддржат Грција да изврши притисок на Туркије, со цел да ги расипе воените планови на земјата во Сирија.

Тој направи компарација помеѓу Грција и Работничката партија на Курдистан (ПКК), која во Туркије е прогласена за терористичка, а грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис го спореди со украинскиот претседател Володомир Зеленски.

– Мицотакис е новиот Зеленски, а Грција е новата ПКК. Започнуваме нова операција во северниот дел на Сирија, право во срцето на бизнисот – вели Басбуг.

Тој смета дека Грција, според плановите на САД, ќе се обиде да изврши притисок врз Туркије, со цел тоа да се одрази на воената акција во делот на Сирија, главно населен со етнички Курди. Според аналитичарот, турската акција е спротивна на плановите на САД и затоа Грција ќе биде искористена во обидот да се изврши дополнителен притисок врз земјата.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО