16.2 C
Ohrid
Friday, August 12, 2022

Груби порача со срце и ум заедно во Европа

НАЈЧИТАНО

Првиот потпретседател на Владата на Република Македонија, Артан Груби од Брисел денес им честиташе на граѓаните на земјата за реализацијата на првата меѓувладина конференција на земјата со Европската унија, момент од кој земјата ја започнува активната фаза на преговорите за интеграција.

Груби истакна дека ова достигнување е резултат на определбата на граѓаните, на искрената работа за да се надмине секој предизвик, за да се има хоризонт без никакви пречки кон интегративниот процес.

– Дојде денот кога сите напори за одржување на прозападната ориентација на земјата се крунисаа со успех, кога целиот наш конструктивен пристап да имаме хоризонт без никакви пречки кон крајната цел на интеграцијата стана реалност. Се наоѓаме во Брисел на првата меѓувладина конференција и од денес заедно со граѓаните на земјата почнуваме да го пишуваме новото поглавје на напредокот и развојот, тоа на почетокот на преговорите за членство во Европската Унија. Колку само предизвици имавме пред нас, се чинеше невозможно да се постигне целта, колку идеологии на дезориентација и страв од регресивните сили сакаа да не спречат да ја постигнеме оваа цел, но со решителност, со работа, со голема поддршка од цела Европа успеавме да седнеме на работната маса во срцето на Европа денес за да ја проектираме европската иднина – посочи Груби.

Тој допони дека на земјата ја очекува многу напор за спроведување на следните процеси.

– Со зрелост и рационалност, како и досега, ќе успееме да ги надминеме сите предизвици. Со срце и ум заедно кон Европа“, додаде потпретседателот на Владата.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО