24.7 C
Ohrid
Wednesday, May 25, 2022

Гром удри во зграда во Велес

НАЈЧИТАНО

Во силното невреме со дожд кое попладнево го зафати Велес, гром удри во зграда на улица Никола Карев бр. 3 наспроти ООУ „Васил Главинов“. Од громот се запали и изгоре стан во поткровје и покрај брзата интервенција на пожарникарите од ТППЕ од Велес. Станарите од станот што се запалил не биле дома и нема повредени лица.

– Четворица соседи, од кои две жени и двајца мажи побарале помош од екипата на Итната медицинска помош која дошла на настанот во 14.40 часот. Од нив двајцата мажи, постар татко и син побарале медицинска помош поради зголемен крвен притисок и видна вознемиреност од настанот, а по укажаната прва помош на лице место од екипата на Прва помош тие со возило на Итна помош биле однесени на реанимација во велешката Општа болница – информира Василка Пановска Поп Стефанова началник на Брза помош која била на местото на настанот.

Како што информираат од ТППЕ од Велес, тие биле повикани да интервенираат во 14.25 часот и на местото на пожарот се упатиле со 12 пожарникари и три противпожарни возила. Пожарот бил локализиран во 15.40 часот, а целосно изгаснат во 16.30 часот. Најголем проблем за тоа што пожарот брзо се распламти беше што во зградата немаше хидрантна мрежа – велат од ТППЕ Велес.
Тие апелираат до сите станари во зградите во Велес, под итно да ги оспособат расипаните и оштетени хидрантни мрежи во своите згради на живеење, за навреме да биде спречен пожар од пошироки размери.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО