Граѓаните нема да куртулат од поскапувања и годинава, но тие ќе бидат со послаб интензитет од ланските

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Граѓаните нема да куртулат од поскапувања и годинава, но тие ќе бидат со послаб интензитет од ланските, сметаат економисти и бизнисмени.

Економистот Маријанчо Николов вели дека високи цени ќе имаме до крајот на зимата, до кога ќе се задржат високите цени на енергенсите, а потоа може да се очекува нивна стабилизација, но на повисоко ниво од она што беше пред кризата.

– Цените на енергенсите до март ќе останат високи, а после тоа ќе се види колку тие ќе влијаат на трошоците на домашниот пазар. Со оглед на тоа што на одреден број компании им е обезбедена пониска цена на струјата до април, и обезбеден е гас за истиот период, не би требало да се очекува зголемување на цените на нивните производите до април, туку одредено намалување, барем за прехранбените производи за кое беше дадено ветување од страна на бизнис асоцијациите кога беше побарана владината мерка. Оправдувањето дека се промениле условите и дека нема да има намалување на цените од 10 отсто не држи, бидејќи самите тие правеа пресметки и го кажаа процентот на намалување – вели Николов.

Бараа поевтина струја, ама за своите цени калкулираат

На ова, додава тој, му одат во прилог и веќе намалените цени на храната на берзите, што значи дека до средина на годината нема да има раст на цените на суровините. Потоа, сè ќе зависи од годинашната жетва и цените на суровините кои ќе се формираат на берзите, како и цените на енергенсите од наредната есен, кога земјава веќе ќе може да ги вклучи во пресметките и новите енергетски капацитети од обновливи извори.

Бизнисмените со став дека поскапувањето на производите зависи од нивните трошоци во кои покрај другото влегуваат цените на енергенсите и суровините, но и платите на вработените.

– Дали и колкаво намалување на цените на производите ќе има во текот на годината ќе зависи од нашите трошоци. Секоја компанија посебно ги пресметува тие трошоци и ги утврдува цените. Колкаво ќе биде намалувањето на цените на прехранбените производи веќе овој месец, како резултат од поевтината струја, ќе утврди секоја компанија зависно од тоа колкаво е учеството на оваа цена во нејзините трошоци на производство. Дали тоа ќе биде 2,5 или 10 отсто одлучува секоја компанија – вели претседателот на Асоцијацијата на мелничко-пекарската индустрија Горан Малишиќ.

Според него, какви ќе бидат цените на брашното и лебот во месеците по април зависи од цената на суровината која ќе се утврди со жетвата, конкуренцијата од соседството, која влијае на цената на брашното во земјава, како и цените на енергенсите до крајот на годината.

Инфлацијата може да се држи под контрола 

Николов смета дека од усогласеноста на политиките на владата и Народната банка ќе зависи колкава ќе биде инфлацијата годинава, иако главен фактор сепак се глобалните цени на енергенсите и храната.

– Сметам дека е можно да се оствари стапка на инфлација од 7,1 отсто како што е планирана, под услов да нема непредвидливи настани во глобални рамки кои би влијаеле на цената на енергенсите и храната. Притоа Народната банка ќе треба поагресивно да управува со инфлацијата, но ќе треба да биде претпазлива да не му наштети на стопанството. Владата, која има највисок буџет годинава од кој дури 1,2 милијарди евра за отплата на долгови, ќе мора да намали од другите непродуктивните трошења со цел да влијае на инфлацијата – вели Марјанчо Николов.

Според него, важно е годинава да се зачува куповната моќ на граѓаните која лани почна да се намалува и затоа зголемувањето на платите во јавниот сектор, на минималната плата и на пензиите би требало да го следи и приватниот сектор.

– Ова ќе биде потребно не само како потреба од подобрување на стандардот на граѓаните кои осиромашија лани за дури 30 отсто кај храната, туку и од потребата во земјава да се задржи кадарот кој бара подобри услови за живот надвор од земјава. Ова треба да го следат и компаниите. Сето тоа ќе влијае на задржување на куповната моќ на населението и да се спречи пад на побарувачката на домашниот пазар, но не треба да се дозволи тоа да го искористат компаниите за зголемување на цените на производите со што ќе се забрза инфлацијата – вели тој.

Оптимистичка прогноза на НБМ за инфлација од околу 2 отсто 

Владата со Буџетот веќе најави зголемување на платите во јавниот сектор како и на редовното зголемување на минималната плата и пензиите. Предвидени се и повеќе мерки за намалување на цените на прехранбените производи.

Народна банка лани неколку пати ја зголеми основната каматна стапка, но стапката на инфлацијата почна да се намалува дури во декември кога и цените на енергенсите на берзите почнаа драстично да се намалуваат. Банката донесе и други мерки за запирање на инфлацијата што требаше да ја намалат потрошувачката. Според Народната банка, инфлацијата во последните месеци забрза, за што најмногу придонесува растот на цените на храната. Нејзините очекувања за годинава се дека инфлацијата ќе забави.

– Годинава очекуваме постепено забавување на инфлацијата, која на среден рок би се вратила на историските стапки од околу два процента – изјави гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежовска, во новогодишната порака.

Таа додаде дека се неопходни структурни реформи што ќе ја зајакнат отпорноста на економијата, како и одговорно, стратегиско и одржливо дејствување на носителите на политиките.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Османи повикува да се вратиме на позитивниот дијалог

„Време е да ставиме црта на пинг-понг дискусијата со Бугарија“, одговори денеска Бујар Османи на новинарско прашање дали македонското МНР ќе испрати протестна нота...

Јован Тозиевски ,Градоначалник на Општина Ресен-Искрено жалење од мое лично име и од името на граѓаните на Општина Ресен за катастрофалниот земјотрес кој и...

Изразувам искрено жалење од мое лично име и од името на граѓаните на Општина Ресен за катастрофалниот земјотрес кој и се случи на нашата...

Северна Македонија испраќа итна помош во Турција по катастрофалниот земјотрес

Владата на Република Северна Македонија попладнево одржа вонредна седница, со цел обезбедување итна помош за Република Турција, по катастрофалниот земјотрес што ја погоди земјата...

Moda

Екстравагантни изгледи на познатите од црвениот тепих на Греми наградите

Црвениот тепих на синоќешното 65. Греми награди секако не разочара. Најголемите музички имиња секогаш присуствуваат на најзвучната музичка вечер, а ни овогодинешната награда не...

Неочекуван тренд на хеланки оваа зима кои можете да ги носите во секое време и секаде

Да, хеланките со винил и кожен ефект се враќаат! На полето на хеланки, минатата година видовме (речиси) сè: особено хеланките со селотејп кај нозете повторно...

Тоа е најтренди боја на фармерки што ќе ја носиме во летото 2023 година

Сивите фармерки се дефинитивно крој во кој вреди да се инвестира ова лето. Широки сиви фармерки - тренд кој им ласка на сите типови на...
spot_img
spot_img
spot_img