13.3 C
Ohrid
Monday, October 3, 2022

Грашо првпат проговори за венчавката со Хана Хуљиќ

НАЈЧИТАНО

Како што јавија хрватските медиуми пред извесно време, пејачот Петар Грашо (46) и ќерката на Тончи Хуљиќ, Хана Хуљиќ 31 во 2022 година ќе станат сопружници, но и родители.

 

 

Двојката дозна дека го чекаат првото дете веќе неколку месеци од почетокот на врската, а за нивната врска пишуваат сите регионални медиуми, бидејќи недолго претходно Грашо ја раскина 24-годишната врска со пејачката Даниела Мартиновиќ.

Иако не сака многу да зборува за приватниот живот и на оваа тема досега не се огласуваше, пејачот признава дека е многу среќен. Како што пејачот сега истакнува, објаснувањето е едноставно – се случила љубов.

– Се случи љубов. Љубовта не треба да се планира, треба да се случи, за љубовта не треба премногу да зборувате. Тоа се некои работи кои човек треба сам да ги негува во себе. Да постои љубов. Да, се случува во еден период од животот со личност која во тој период ти значи најмногу со која можеш да се опушти и да пловиш – рекол Грашо и открил дали планираат свадба.

Хрватските медиуми тврдат дека парот деновиве ќе се завети на вечна љубов, а откриени се многу детали, како на пример како ќе изгледа венчаницата.

– Ниту тоа не е тајна, иако разгледавме 40 датуми. И Хана и јас сме личности кои не сакаат да се појавуваат во медиумите. Неверојатно е што токму нас толку многу нè имаше на насловни страници, личности кои не сакаат да се појавуваат јавно –  рекол Петар во емисијата „Премиера – викенд специјал“.

Тој истакнал дека му е смешно тоа што Хана и него луѓето ги фотографираат на секој чекор и дека Хана и тој се благодарни поради сѐ што ги водело кон тоа да се засакаат.

– Ќе станам татко. Благодарен сум на секој чекор што ни се случи. Малку ни е смешно што луѓето со телефоните секаде нѐ фотографираат, имам 25 години кариера, но очигледно на луѓето малку им недостасуваат убави приказни… Јас и понатаму ќе се трудам да ја чувам својата приватност бидејќи сакам на луѓето да песната да им биде важна, а не мојата спална соба –  рекол Грашо.

Тој напоменал и дека отсекогаш го обожавал семејството Хуљиќ и дека е среќен како поради новите врски со нив, така и поради можноста музички да соработуваат.

– Тончи и јас секогаш еден на друг си бевме на располагање, од првиот момент, и пријателски и приватно и професионално. Секогаш бевме семејство, а сега сме некако и официјално, правно семејство. Го обожавам тоа семејство, а тие одлично се согласуваат со моето семејство. Живееме како сите нормални луѓе. Се шегуваме, смееме Уживаме да правиме музика и многу сум среќен поради тоа што ја имаме таа одлична синергија и што кога работиме, се случуваат тие големи хитови – рекол Петар Грашо.

 

 

ФОТО: Инстаграм

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО