18.2 C
Ohrid
Friday, July 1, 2022

Гранд од САД за модернизација на Армијата

НАЈЧИТАНО

САД ќе помогнат за модернизација на македонската армија со финансиска помош од 40 милиони долари, беше потврдено денеска во рамките на стратешкиот дијалог во Вашингтон помеѓу Северна Македонија и Соединетите Американски Држави, соопштија од Министерството за одбрана.

Од македонската страна, во стратешкиот дијалог учествуваа министрите за надворешни работи и економија Бујар Османи и Крешник Бектеши, како и министерката за одбрана Славјанка Петровска, која кажа дека Владата и нејзиното министерството остануваат цврсто на ставот за раст на одбранбениот буџет од 1,77 отсто од БДП годинава до 2 отсто до 2024 година, вклучително и на одредбата 20 отсто од овој буџет да биде наменет за опремување и модернизација.

Во контекст на модернизацијата, Петровска се заблагодари за финансиската учество од САД во набавката на новите лесни оклопни транспортери кои значајно ќе влијаат на подобрувањето на капацитетите на Армијата.

Претставник на Пентагон на стратешкиот дијалог беше заменик-помошничката на секретарот за одбрана на САД, Лора Купер, која рече дека напорите за развој на армиските капацитети се за пример, што може да се види и преку инвестирањето во нова и софистицирана опрема согласно планирачкиот процес на НАТО и стандардите на Алијансата.

Купер додаде дека САД досега вложиле речиси 45 милиони долари во модернизацијата на Армијата и дека само оваа година се планира вложување од дополнителни 40 милиони долари преку програмата за воено финансирање и програмата 333.

САД ќе ја поддржат Северна Македонија со експертска, како и со финансиска помош од 4,5 милиони долари преку програмата 333, наменети за градење на капацитети за сајбер одбрана.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО