24.7 C
Ohrid
Wednesday, May 25, 2022

Градинките работат – Наставниците го продолжуваат штрајкот

НАЈЧИТАНО

Вработените во градинките од денеска се на работа, а наставниците продолжуваат да штрајкуваат, одлучи вчера претседателството на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК).

Според најавите штрајкот ќе трае додека не се најде прифатливо решение за двете страни.

Синдикатот останува на своите барања за зголемување на платите од 18,4 отсто и вчера не ја прифати понудата на владата за зголемување на платите за 12 отсто. Од вкупно 480 синдикални организации, 388 вчера се изјаснија за продолжување на штрајкот.

Претседателот на СОНК Јаким Неделков повтори дека пропуштената настава ќе се надополни. Тој рече дека Синдикатот во знак на незадоволство од резултатите на преговорите одлучил да организира голем масовен протест пред Владата в среда на 4 мај 2022 година.

По одлуката на СОНК, да продолжи штрајкот, реагираше министерот за образование и наука Јетон Шаќир. Тој, на неговиот Фејсбук профил посочи дека променетата одлука на синдикалното раководство е на штета на нашите млади, учениците од основните и средните училишта.

„Министерството за образование и наука цени дека премногу настава е изгубена досега и тоа мора да престане. Доволно голем е јазот во знаењето кој го создаде овој штрајк со целосно блокирање на работата на училиштата и тој повеќе не смее да се продлабочува“ напиша Шаќири.

Тој ги повика директорите на училиштата, како одговорни за организирањето на работата на овие образовни установи, од денеска да ги отворат вратите на училиштата и да продолжат да организираат настава согласно законите за основно и средно образование. Исто така ги повика и родителите/старателите на учениците од утре да продолжат да ги пуштаат/носат своите деца на училиште.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО