25.9 C
Ohrid
Tuesday, August 9, 2022

Го стиумилираме производството на струја од обновливи извори

НАЈЧИТАНО

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) го укина надоместокот за мрежарина при предавање на вишокот произведена електрична енергија од обновливи извори, како што се фотонапонски електроцентрали, што домаќинствата и малите потрошувачи ги имаат инсталирано, а се стекнале со статус на потрошувач-производител.

– Со одлуките кои ги носиме, сакаме да ги стимулираме потрошувачите да инсталираат фотоволтаични електроцентрали – изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.

На овој начин од РКЕ сметаат дека ќе се поттикнат голем број домаќинствата да ги искористат поволните услови и во време на енергетска криза да си обезбедат електрична енергија од сопствени извори, во случајов од фотонапонски електроцентрали.

– Токму затоа РКЕ презеде иницијатива за олеснување на инвестициите и пристапивме кон измена на Тарифниот систем за дистрибуција на електрична енергија, вели Бислимоски.

Тој додава дека со оваа одлука практично домаќинствата кои што инсталирале фотонапонски електроцентрали со инсталирана моќност до 6 киловати и останатите потрошувачи кои што инсталирале фотонапонски електроцентрали со инсталирана моќност до 40 киловати нема да плаќаат повеќе надоместок за користење на дистрибутивниот систем за вишокот на електрична енергија која што ја предаваат во мрежа.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО