More

    Го пропуштиме ли последниот воз за компромис?

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    - Advertisement -

    Денеска завршува шестмесечниот период во кој Франција претседаваше со Европската Унија. Од утре на чело на ЕУ ќе застане Чешката Република, земја која е неспоредливо помал фактор во европски и во меѓународни рамки од Франција, па многумина оправдано стравуваат дека тоа ќе доведе до забавување на динамиката во преговорите што се водат помеѓу Македонија и Бугарија, за разрешување на меѓудржавниот спор и конечно отварање на нашиот евроинтеграциски процес.

    Претставницитe на Чешка во Брисел веќе најавија дека главен приоритет на чешкото претседателство ќе биде војната во Украина, потоа енергетската криза, економските предизвици, одбраната и отпорноста на демократијата.

    Од агендата на чешкиот премиер Петр Фијала комплетно е отстранета интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ, а нема ниту збор ни за преговорите што се водат на релација Скопје – Софија.

    Проблемот е во влијанието, а не во вниманието

    Сепак, првиот министер за надворешни работи на Македонија, професорот Денко Малески, смета дека најмалиот проблем што во моментов го има македонската дипломатија е опасноста од незаинтересираноста на чешкото претседателство.

    – Чешка може да покаже и поголемо внимание за Македонија од Франција, но влијанието е тоа што е важно во меѓународната политика. Влијанието на Чешка е неспоредливо помало од она Франција, која заедно со Германија е најмоќната земја во ЕУ – вели Малески во изјавата за Плусинфо.

    Професорот е песимист дека во блиска иднина ќе видиме слична ангажираност на еден моќен европски политичар, како што во изминатиот период францускиот претседател Емануел Макрон лично се потруди да се обезбеди компромис за Макеоднија и за Бугарија.

    – Планот за компромис со највлијателната земја на ЕУ пропадна и сега не знам на која страна ќе побараме помош. Ова беше шанса за да се постигне некаков компромис, а сега ќе продолжиме понатаму без датум за преговори, надвор од процесот за зачленување во Унијата – изјави Малески.

    Макрон пропушти голема шанса

    Политикологот Димитар Христов не верува дека Чешка е некаков фактор во ЕУ, за да може да наметне некаков нов предлог, кој би бил сериозно разгледуван во Скопје и во Софија.

    – Франција пропушти прилика да се наметне како европски лидер. Не верувам дека Чешка е некаков фактор и затоа е тешко да се очекува дека нешто особено ќе се случува во наредниот период во врска со преговорите. А можеби тоа е и подобро за нас во моментов. Ќе имаме време да се соочите со проблемите што ги имаме дома, пред сè со енергетската криза и со инфлацијата, а потоа кога ќе бидат остварени подобри услови за рамноправни преговори, без притисок да пробаме да најдеме заеднички јазик со нашиод сосед – вели Христов.

    Но, политикологот не е до крај сигурен дека т.н. „француски предлог“, кој премиерот Димитар Ковачевски го одби минатата недела во Брисел, нема да биде основа за некој конечен договор во иднина.

    Чесите се наши словенски браќа

    Поранешниот амбасадор во Бугарија, Марјан Ѓорчев, гледа далеку пооптимистично на чешкото претседателство од другите наши соговорници.

    За Ѓорчев важен фактор е тоа што Чешка има објективен поглед на словенското културно наследство и тоа според него може да биде во наша корист, секако низ призма на преговорите со Софија.

    – Чешка е земја со доминантно словенско население и на нејзина територија се наоѓаат остатоците од средновековната Велико-Моравска држава, во која Светите Кирил и Методиј ја имале својата мисија. Чешките политичари и претходно реагираа на бугарската теза дека старословенскиот јазик е всушност старобугарски и поседуваат големо знаење за нашата историја. Чешка, Словачка, Полска, Словенија и Хрватска се нашите сојузници во Унијата во спорот со Бугарија и тоа ќе биде во наша корист. Чешка можеби ја нема силата на Франција во европски рамки, но благонаклоно гледа на нашиот проблем. Нема да биде страшно и ако останеме изолирани од евроинтеграциите во одреден период, но ќе треба да продолжиме со европеизацијата на нашата држава. Јас сум оптимист дека ќе успееме и дека еден ден навистина ќе се зачлениме во ЕУ – вели Ѓорчев.

    Според тоа што беше објавувано изминатиот период, француското раководство навистина се зазема во изнаоѓањето начин со кој ќе се изнајде решение за деблокада на нашиот пат кон ЕУ.

    Вечерва на полноќ Париз ќе ѝ го предаде претседавањето со ЕУ на Прага. Вниманието на Унијата несомнено е дека ќе биде насочено кон Исток и кон случувањата во Украина, каде веќе четири месеци беснее војната со Русија.

    - Advertisement -spot_img
    - Advertisement -spot_img
    - Advertisement -spot_img

    Десетгодишно девојче денеска е спасено од под урнатини, 39 часа откако силни земјотреси ја погодија јужна Турција

    Десетгодишно девојче денеска е спасено од под урнатини, 39 часа откако силни земјотреси ја погодија јужна Турција, јави агенцијата Анадолија. Девојчето од сириско потекло било спасено од...

    Бројот на загинатите расте, борбата по преживеани не запира

    Бројот на загинати во земјотресот во Турција и Сирија вчера надмина 6.200 луѓе и се очекува да продолжи да расте, додека пристигнуваат спасувачки тимови и меѓународна...

    Прашања и одговори за крипто-средствата

    Прашања и одговори за крипто-средствата Што се крипто-средства? Како изгледаат крипто-средствата? Кои се разликите меѓу крипто-средствата и суверените валути (пари)? Дали централните банки издаваат дигитални валути? Каква е улогата...

    Moda

    Екстравагантни изгледи на познатите од црвениот тепих на Греми наградите

    Црвениот тепих на синоќешното 65. Греми награди секако не разочара. Најголемите музички имиња секогаш присуствуваат на најзвучната музичка вечер, а ни овогодинешната награда не...

    Неочекуван тренд на хеланки оваа зима кои можете да ги носите во секое време и секаде

    Да, хеланките со винил и кожен ефект се враќаат! На полето на хеланки, минатата година видовме (речиси) сè: особено хеланките со селотејп кај нозете повторно...

    Тоа е најтренди боја на фармерки што ќе ја носиме во летото 2023 година

    Сивите фармерки се дефинитивно крој во кој вреди да се инвестира ова лето. Широки сиви фармерки - тренд кој им ласка на сите типови на...
    spot_img
    spot_img
    spot_img