5.9 C
Ohrid
Sunday, November 27, 2022

Го нарекуваат лицемер поради еден погрешен потег

НАЈЧИТАНО

Јавноста го обвинува Бред Пит дека е лицемерен бидејќи како извршен продуцент работел на филмот „She Said“. Ангажманот во филмот за злосторствата на осудениот продуцент Харви Вајнстин актерот го прифатил откако Џоли го обвинила за злоставување, а со моќниот продуцент соработувал во неколку наврати, иако знаел како се однесува со жените во Холивуд.

Првата жена што му се обратила на Пит со обвинувања против Вајнстин била неговата девојка во тоа време, Гвинет Палтроу. Во приказната на „Њујорк тајмс“ од 2017 година, Палтроу тврдела дека во 1996 година, Вајнстин ја поканил во хотел на работен состанок и ги ставил рацете врз неа и и предложил „да одат во спалната соба на масажа“.

Гвинет му кажала на Пит за инцидентот, кој за „Тајмс“ потврдил дека се соочил со Вајнстин на премиерата на филмот и му рекол да не смее да ја допира повеќе.

„Само сакав да се погрижам ништо повеќе да не се случи, бидејќи Палтроу требаше да снима уште два филма со Вајнстин“, им рекол Пит на новинарите во 2019 година.

Сепак, тоа не го спречило да се појавува во филмови дистрибуирани од компанијата на Вајнстин, вклучувајќи го и хитот „Inglorious Bastards“ од 2009 година. Во исто време, извор близок до Пит тврди дека актерот имал минимален контакт со Вајнстин во текот на продукцијата и дека филмот е продолжение на неговата работа со режисерот Квентин Тарантино, кој во тоа време ги дистрибуирал сите негови филмови преку Вајнстин.

Покрај Палтроу, Пит за постапките на Вајнстин дознал и од неговата поранешна сопруга Анџелина Џоли. Во истата статија на „Њујорк тајмс“ од 2017 година, која ја разоткрила приказната на Палтроу, Џоли рекла дека имала непријатно искуство со Вајнстин кога била млада и поради тоа одлучила дека никогаш повеќе нема да работи со него. Затоа, таа одбила да учествува во филмот „Авијатичар“ од 2004 година.

„Тоа беше нешто од кое морав да побегнам. Се држев настрана и ги предупредував луѓето за него. Се сеќавам дека му реков на Џони, мојот прв сопруг, да им ја пренесе веста на другите мажи – да не дозволуваат девојките да излегуваат сами со него. Никогаш повеќе не се дружев и не работев со него. Тешко ми беше кога Бред го правеше тоа“, открила Џоли за „Гардијан“ минатата година.

Пит, всушност, побарал од Вајнстин да биде продуцент на филмот „Kill Them Softly“ од 2012 година.

Заплетот на филмот „She Said“ ги следи новинарките на „Њујорк“ кои први ја објавија приказната за Вајнстин, а извор близок до Пит тврди дека актерот има целосно право да се појави во улога на извршен продуцент бидејќи е еден од малкуте луѓе во Холивуд кои му се спротивставија на Вајнстин. Меѓутоа, луѓето не се согласуваат со тој став.

„She Said“ е револуционерен филм што ги разоткрива обвинувањата за сексуално злоставување против Харви Вајнстин и е продуциран од Бред Пит. Пит продолжил да работи со Вајнстин откако тој наводно ја малтретирал Гвинет Палтроу и ја нападнал Анџелина Џоли.

„Иронично“, е еден од коментарите. „Од сите луѓе Бред, кој и самиот е обвинет за насилство“, „Не го заслужи овој проект, многу лошо“, „Се прашувам дали луѓето ќе го бојкотираат“, продолжиле коментарите.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО