17.1 C
Ohrid
Wednesday, May 25, 2022

Горан Мисовски е единствен кандидат за лидер на партијата

НАЈЧИТАНО

Централниот одбор на НСДП за единствен кандидат за претседател на НСДП на Петтиот конгрес на партијата го утврди Горан Мисовски, се наведува во партиското соопштение.

Предлогот беше утврден со мнозинство гласови од присутните членови на Централниот одбор, по завршување на дебатата.

Исто така на седницата на Централниот одбор беа утврдени Предлог листите за членови на Централниот одбор и Надзорниот одбор.

Покрај кадровските прашања беа утврдени и конгресните документи и тоа: Предлог-статут за изменување и дополнување на Статутот на НСДП, Извештај за работата на НСДП помеѓу Четвртиот и Петтиот Конгрес и Предлог-програмска платформа за делување на НСДП во наредните четири години и други конгресни одлуки.

Пред настанот, Организацискиот Секретар и Кандидат за Претседател на НСДП, Кристијан Трајковски даде изјава за присутните медиуми дека ќе поднесе кандидатура за заменик на лидерот Тито Петковски кој најави дека ќе се повлече од функцијата.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО