Глобалната економија ќе се втурне во рецесија

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Светската банка денеска ги намали прогнозите за раст за 2023 година на ниво кое е на работ на рецесија за многу земји, наведувајќи го влијанието на засилените зголемувања на каматните стапки, продолжувањето на војната во Украина и колапсот на главните мотори на глобалниот економскиот раст.

Глобалниот бруто домашен производ се очекува да порасне за 1,7 отсто во 2023 година, што, без рецесиите од 2009 и 2020 година, е најниската стапка во речиси три децении, се вели во извештајот на Светска банка.

Во претходниот Извештај за глобалните економски изгледи, објавен во јуни 2022 година, банката прогнозираше глобален раст во 2023 година од 3,0 проценти.

Сепак, како што е соопштено, има големо забавување во развиените економии, вклучително и прогнозираните остри намалувања од 0,5 отсто и за САД и за еврозоната, што може да навести нова светска рецесија помалку од три години по минатата.

„Со оглед на чувствителните економски услови, секое дополнително негативно влијание, како што е инфлација повисока од очекуваната, наглото зголемување на каматните стапки за нејзино смирување, повторното оживување на пандемијата со ковид-19 или ескалација на геополитичките тензии – може да ја турнат глобалната економијата во рецесија“, предупредува Светската банка.

Темната перспектива ќе биде особено тешка за пазарите и економиите во развој, бидејќи тие се борат со големиот товар на долгови, слабеењето на валутите и растот на приходите, како и забавувањето на деловните инвестиции, кои се предвидува дека ќе растат со годишна стапка од 3,5 проценти во наредните две години, што е за половина пониско отколку во последните две децении.

–  Забавувањето на растот и деловните инвестиции ќе имаат поразителни последици врз образованието, здравството, сиромаштијата и инфраструктурата, вклучително и зголемените барања од климатските промени – рече претседателот на Светска банка, Дејвид Малпас во изјавата.

Растот на Кина во 2022 година падна на 2,7 oтсто, што е втор најнизок резултат од средината на 1970-тите, со исклучок на 2020 година, кога наспроти пандемијата со Ковид-19 дојде до превирања на пазарот на недвижнини и сушата кои ја погодија потрошувачката, производството и инвестициите, се вели во извештајот на Светска банка.

Се предвидува закрепнување на растот до 4,3 отсто за 2023 година, што е за 0,9 процентни поени под јунската прогноза.

Светска банка забележува дека некои инфлаторни притисоци почнаа да се намалуваат кон крајот на 2022 година поради пониските цени на енергијата и суровините, но и покрај новите ризици основната инфлација може да потрае.

Ова може да доведе до тоа централните банки да реагираат со зголемување на каматните стапки повеќе од очекуваното во моментов, што дополнително ќе го забави глобалниот економски раст, се додава во соопштението.

Светска банка побара поголема поддршка од меѓународната заедница за земјите со ниски приходи кои се изложени на зголемен ризик од должничка криза.

Потребни се нови финансиски концесии и грантови заедно со искористување на приватниот капитал и домашните ресурси за да се помогне во зголемувањето на инвестициите во климатската адаптација, човечкиот капитал и здравјето, се вели во извештајот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Силен ветер во Кавадаречко

Силен ветер денеска го зафати Кавадаречко, кој откорна бандери и повеќе дрвја, информираа вечерва од кавадаречката локална самоуправа. „Брза беше интервенцијата на пожарникарите од Територијалната...

Пендаровски вели дека територијалните претензии станале секојдневие

Најостро го осудувам вандалскиот чин на каменување на македонски културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград во Бугарија, наведува претседателот Стево Пендародвски во реакција на...

Пронајдени се живи четворица исчезнати на Кожуф

„Пријавата на 112 во ЦУК за исчезнатите четири лица е примена денеска во 14:50 часот. Се јавил загрижениот татко на едно од изгубените, бидејќи...

Moda

Тоа е најтренди боја на фармерки што ќе ја носиме во летото 2023 година

Сивите фармерки се дефинитивно крој во кој вреди да се инвестира ова лето. Широки сиви фармерки - тренд кој им ласка на сите типови на...

Како да купите нова облека, така што всушност ќе ја носите и нема да седи само во плакарот

Словенците никогаш не носат речиси третина од облеката што ја купуваме. Проверивме како да купиме нова облека, така што всушност ќе ја носиме и...

Уште една ќерка на познати родители е нова ѕвезда на модното небо

Изгледа како вчера – целата светска јавност зборуваше за необичниот избор на името на Гвинет Палтроу и Крис Мартин за нивното новороденче, Епл. Но, тоа...
spot_img
spot_img
spot_img