Главната расправа за предметот „Тендери” закажана за утре се презакажува за 16 февруари

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Главната расправа за предметот „Тендери” закажана за утре се презакажува за 16 февруари, бидејќи предметот со сите списи сè уште не се вратени од надлежното Биро за судски вештачења, информираат денеска од Основниот кривичен суд Скопје.

„Имено, заради претходно изведени два спротивставени вешти наоди, а заради доследно почитување на одредбите од ЗКП, Судот на 06.04.2022 година предметот го достави на надлежно постапување во Бирото за судски вештачење со наредба за изготвување на супервештачење од областа на градежништво и урбанизам. Со оглед да предметот сè уште не е вратен во Судот и досега се отповикани седум насрочени расправи, а воедно Судот во два наврати се има обратено до Бирото со барање за прецизирање на рок – кога наодот ќе биде изготвен, за што немаме добиено одговор, Кривичниот суд денеска по трет пат се обрати до Бирото за судски вештачење со известување дека доколку до 31.01.2023 година предметот со сите списи и изготвениот вешт наод и мислење не биде вратен во судот, или не биде доставен образложен извештај зошто наодот се уште не е изготвен и кога истиот ќе биде завршен, судот ќе ја искористи Законската можност за парична казна на надлежната институција согласно член 237 ст.3 од ЗКП“, се вели во соопштението од Основен кривичен суд Скопје.

За одолговлекувањето на постапката како и за сите дописи доставени до Бирото, од Судот информираат дека ќе ги известат Министерството за правда и Судскиот совет.

„Бирото за судски вештачења, но и целокупната јавност мора да ја имаат предвид комплексноста на предметот, интересот на медиумите и невладините организации за истиот, Уставно загарантираните права и обврзи на странките во постапката и пред сè начелото за судење во разумен рок кој судот е должен да го почитува, па заради тоа неможе да се дозволат дополнителни неосновани одолговлекувања на постапката“, се вели во соопштението од Основен кривичен суд Скопје.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Гори меѓу Миладиновци и ОКТА

Центарот за управување со кризи информира дека вечерва во 19:05 часот на бројот 112 бил пријавен пожар помеѓу селото Миладиновци и рафинирија ОКТА во...

Ковачевски: Очекувам Бугарија да ги пронајде вандалите

Премиерот Димитар Ковачевски најостро го осудува вандалскиот чин, на каменување на македонскиот клуб „Никола Јонков Вапцаров” во Благоевград. Тој преку својот Фејсбук профил, порача...

ВМРО-ДПМНЕ го осуди демолирањето на македонскиот клуб

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува демолирањето на македонскиот клуб во Благоевград.„Вандализмот не е добрососедство и не може да биде. Негирањето на Македонија, но и на...

Moda

Тоа е најтренди боја на фармерки што ќе ја носиме во летото 2023 година

Сивите фармерки се дефинитивно крој во кој вреди да се инвестира ова лето. Широки сиви фармерки - тренд кој им ласка на сите типови на...

Како да купите нова облека, така што всушност ќе ја носите и нема да седи само во плакарот

Словенците никогаш не носат речиси третина од облеката што ја купуваме. Проверивме како да купиме нова облека, така што всушност ќе ја носиме и...

Уште една ќерка на познати родители е нова ѕвезда на модното небо

Изгледа како вчера – целата светска јавност зборуваше за необичниот избор на името на Гвинет Палтроу и Крис Мартин за нивното новороденче, Епл. Но, тоа...
spot_img
spot_img
spot_img