5.9 C
Ohrid
Sunday, November 27, 2022

Германците успеаја да ја „надмудрат“ ФИФА во Катар…

НАЈЧИТАНО

ФИФА им се закани на репрезентациите со казни за носење капитенски ленти со виножито „One love“. Споменатата лента не е дел од стандардната опрема и ФИФА соопшти дека нејзиното носење ќе се смета за прекршување на правилата.

Со носењето на оваа лента, бројни репрезентации учесници на Светското првенство во Катар сакаа да ја покажат својата поддршка за ЛГБТК+ луѓето, а планирано е голем број капитени да излезат на теренот со оваа лента околу рацете.

ФИФА потоа се закани дека ќе ги казни со жолт картон сите оние кои ја носат лентата уште пред почетокот на натпреварот, па Англија, Белгија, Данска, Франција, Холандија, Швајцарија и Велс се откажаа од оваа приказна. Меѓу репрезентациите чии капитени требаше да ја носат лентата беше и Германија.

И иако капитенот не излезе на теренот со лента околу раката, Германците успеаја да најдат начин да и пркосат на ФИФА.

Во вчерашниот пораз од Јапонија со 2:1, Мануел Нојер, Нико Шлотербек, Илкај Гундоган, Серж Гнабри и Томас Мулер сепак ги носеа боите на виножитото на теренот.

Како, прашуваш. Тие на теренот излегоа во копачки кои ги покажаа боите на виножитото. ФИФА нема издадено никакво предупредување за боите на копачките, па Германците не мора да стравуваат од казна за овој потег

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО