-1.1 C
Ohrid
Sunday, February 5, 2023

Германците од Минхен го прегазија Интер среде Милано

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Едноставно, Баерн Минхен е премоќен за Интер. Или, пак, Интер е преслаб за Баерн Минхен, како сакате.

Тоа  синоќа го потврдија Германците откако ги декласираа Италијанците среде Милано. Можеби резултатот и не изгледа толку лошо (0:2), но на теренот совршено се виде каква класа е тимот од Минхен за разлика од Интер.

Првиот гол за Баерн го постигна Сане во 25 минута, а вториот гол беше автогол на Д’Амброзио во 66 минута.

Интер, пак, како воопшто да не играе фудбал. Момците од Милано дури и не изградија некаква огромна шанса за да го загрозат голот на Ноер. Не помогнаа ниту петте измени што ги изврши тренерот на Интер во второто полувреме: во игра влегоа Гаљардини, Де Фрај, Димарко, Кореа и Дармијан, а од игра излегоа Џеко, Шкрињар, Дамфрис, Бастони и Чалханоглу.

Ова беше првиот натпревар во групната фаза од Лигата на шампионите, но прашањето што сега се поставува е дали актуелниот тренер на Интер, Симоне Инзаги, повторно ќе седне на клупата и за вториот натпревар.

Ова за него е трет голем пораз во септември. Првиот го доживеа од Лацио (3:1), па од градскиот ривал Милан (3:2), а сега и од Баерн Минхен.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Балканот го зафати снежно невреме: Во Србија над 25.000 луѓе останаа без струја

Патиштата беа затворени, а повеќе од 25.000 луѓе во Србија останаа без струја поради бурните ветришта и снежното невреме во неделата, додека во Црна...

Ева Лонгорија во слободното време се колне во модните тренерки

Холивудската актерка Ева Лонгорија секогаш е негувана од глава до пети на црвените теписи, а во слободното време повеќе сака да скока во нешто...

Лавина усмрти пет лица во алпско ски-центар во Тирол

Најмалку пет лица загинаа како последица на лавини во неколку скијачки центри во австриската провинција Тирол, јавува Анадолија. Тиролската полиција соопшти дека фаталната несреќа се...
spot_img
spot_img
spot_img