15.9 C
Ohrid
Friday, May 20, 2022

Германски министер: Не сите земји од ЕУ се подготвени да воведат ембарго на руската нафта

НАЈЧИТАНО

Се уште нема договор за ембарго на нафта против Русија во рамките на Европската унија, изјави германскиот министер за економија Роберт Хабек.

Германија ќе го поддржи ембаргото за нафта, но „другите земји сè уште не се подготвени“, рече тој по состанокот со здруженијата на средни претприемачи во Берлин.

Хабек рече дека ембаргото нема да ја остави Германија без последици и дека ќе има високи скокови на цените.

Промената може да значи и привремен дефицит, додаде министерот, мислејќи на рафинеријата Швед во близина на границата со Полска, која е под контрола на руската државна компанија Роснефт.

Меѓутоа, ембаргото повеќе не значи дека Германија ќе западне во „нафтена криза“. Двајца дипломати на ЕУ претходно изјавија за Ројтерс дека блокот се стреми кон забрана за увоз на руска нафта до крајот на годината.

Британската агенција објави дека Унгарија продолжува да се спротивставува на секое ембарго на Европската унија за увоз на руска нафта и гас.

„Позицијата на Унгарија за секое ембарго на нафта и гас не е променета: ние не го поддржуваме“, рече владиниот портпарол Золтан Ковач во е-пошта одговарајќи на прашања од Ројтерс во понеделникот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО