7.9 C
Ohrid
Thursday, December 1, 2022

Германските експерти бараат повисока законска граница за канабис за возачите

НАЈЧИТАНО

Во дебатата за декриминализацијата на канабисот во Германија, експертите повикуваат на зголемување на законската граница на потрошувачка на канабис за возачите, пишува dpa.

Сегашното ограничување на активната супстанција ТХЦ (тетрахидроканабинол) ги казнува и луѓето кои веќе се способни да возат по конзумирање канабис, истакнуваат експертите, пренесе ДПА.

THC е супстанца која е примарно одговорна за ефектите на марихуаната врз менталната состојба на една личност. Од среда експертите ќе разговараат за ова прашање на конференција во северниот германски град Гослар.

„Сегашната гранична вредност за концентрацијата на THC не е добра, бидејќи не дава индикација за несоодветност за возење“, рече Андреас Крамер од Германската адвокатска комора.

Во моментов, вредноста на THC од 1 нанограм – најниската можна концентрација што може со сигурност да се открие – се смета за возење под дејство на дрога.

Проблемот е што ТХЦ, за разлика од алкохолот, предизвикува многу различни реакции кај различни луѓе, објасни Зигфрид Брокман, раководител на истражување за несреќи во Германското здружение за осигурување.

Тој се залага за гранична вредност од 3 нанограми THC на милилитар крв.

Годишниот конгрес во Гослар, кој почнува следната недела, е еден од најважните состаноци на експертите за безбедност во сообраќајот во Германија.

Конгресот ќе заврши во петок со препораки за германскиот парламент.

Претседателот на Алијансата против алкохол и дрога во патниот сообраќај, Хелмут Трентман, претпоставува дека декриминализацијата на канабисот ќе го зголеми бројот на патувања под дејство на канабис.

Затоа, меѓу другото, бара сеопфатна едукација на сите учесници во сообраќајот.

Германското автомобилско здружение ADAC сака да се придржува до границата од 1 нанограм поради делумно нејасната врска доза-ефект.

„Безбедноста на патиштата не смее да биде загрозена“, рече портпаролот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО